Реклама
Коса

5 работи што треба да ги знаете за враќање кон природна коса

Реклама

Подготвени да се откажете од офарбаните прамени и да ја пуштите косата да ви расте, но не знаете од каде да почнете?

Маркетинг

Прочитајте го ова пред да ја скратите косата

Познатата стилистка за коса Синтија Алварез, која работи со ѕвездите како Алишија Кејс, Даша Поланко (всушност, таа е одговорна за прекрасното прелевање на боите на прамените на Даша) и Рита Ора, споделува пет нешта кои секоја жена треба да ги знае пред да започне со саканата промена.

1. Не треба да ја скратите целата коса одеднаш.

Маркетинг

Некои жени го започнуваат процесот на транзиција со „големо кратење“ (пресекувајќи ја целата процесирана коса одеднаш, наспроти постепениот процес на запирање со сите процеси врз косата), но некои не прават така од различни причини: На пример, не им се допаѓа како изгледаат со кратка коса; загрижени се дека нема да бидат во можност да ја стилизираат кратката коса додека им расте; или се плашат од негативни реакции од оние околу нив.

Иако на определбата за големо кратење често се гледа како полесен начин за транзиција, во крајна линија, тоа навистина се сведува на личен избор, вели Алварез. „Некои жени не сакаат да се справуваат со двете текстури (делумно нефарбаниот дел и фарбаниот дел) и прават големо кратење, додека други преземаат дополнителна активност за справување помеѓу двете.“

Без разлика дали сте за големо кратење или не, Алварез препорачува да ја отпочнете вашата долгорочна транзиција со потсекување за да се ослободите од расцветаните краеви, како и потсекување околу два сантиметри секој месец за да се ослободите од оштетените краеви и да спречите формирање на уште расцветани краеви.  

2. Држете се подалеку од топлина

За еден или два месеца најверојатно ќе забележите дека вашата коса изгледа како да има две спротивставени текстури, што може да биде фрустрирачки за многумина кога станува збор за стилизирање на косата. Може да бидете во искушение да посегнете по вашиот исправувач (во вид на агенс или топлина) на косата – но престанувањето користење топлина ќе ви даде подобра идеја за тоа како текстурата на вашата природна коса ќе изгледа на крајот штом ќе изминат првите неколку месеци, според Алварез.

3. Два збора: траен регенератор (leave-in conditioner)

Ќе сакате да ја влажните и влажните и уште повеќе да ја влажните косата. Кадравата коса има тенденција да се суши навистина лесно, па затоа исфрлете ги регенераторите за плакнење на косата и инвестирајте во навистина добар регенератор за длабок третман, како што е интензивната маска на Dove (Dove Quench Absolute Intensive Restorative Mask), Mixed Chicks Detangling Deep Conditioner или Eden BodyWorks Jojoba Monoi Deep Conditioner. И не плашете се да оставите овој регенератор да дејствува најмалку 30 минути два пати месечно. Хемиски  третираните краеви на косата се многу кршливи, па ќе сакате длабоко да ги регенерирате за да спречите оштетување и соодветно да ја храните вашата коса.

4. Заштита ја косата додека спиете

Дајте ѝ на вашата коса во транзиција малку повеќе љубов, внимание и грижа (ЉВГ), спиејќи на сатенска навлака на перницата. Алварез го нарекува ова „потценет битен елемент,“ велејќи дека за разлика од памучна навлака, сатенската или свилената не ги апсорбира природните масла од вашата коса – што значи дека ќе добиете полесен начин за одржување на влагата и сјајот на вашата коса. (Ова исто така ќе ви помогне да го спречите разлетувањето следниот ден.)

5. Тргнете ги настрана производите за стајлинг

Алварез повторува дека е важно да ги користите вистинските масла – како што се маслиновото, од кокос, авокадо или од јојоба – и на скалпот и на косата за да го потпомогнете растењето и да ја ’запечатите’ влажноста, па затоа таа препорачува да се држите подалеку од тешки гелови и пени – тие ќе само ќе останат на вашата коса и ќе ù тежат. Наместо тоа, експериментирајте со различни стилови кои се прифатливи за вашите кадрици и искористете ги максимално. (Ви требаат неколку совети за вашата фризура? Обидете се со овие прекрасни фризури за природна коса.)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button