Реклама
Нега и здравје

4 супер ритуали за убавина кои вклучуваат пареа, но не и за вагина (извини Гвинет)

Реклама

Ох, Гвинет Палтроу – тaa секогаш e добра за вакви теми бидејќи само таа може да собере толку луѓе околу неа и да зборува за третман на вагината со пареa.

Во случај да сте пропуштиле, да, Гвинет сега пее пофалби за третман со пареа. На својот сајт Goop опишува омилен третман наречен Mugworth V-Steam во Tikkun, корејски спа центар во Лос Анџелес.

Маркетинг

Таа пишува: „Седите на она што во суштина е мини-престол, а комбинација од инфрацрвени зраци и пареа ви ја чисти матката. Тоа е енергетско ослободување – не само пареа од туш – кое го балансира нивото на женските хормони.“

Маркетинг

Откако завршивме со смеење на оваа тема, малку се замисливме и сфативме дека предлогот на Гвинет некако нѐ остави со ненадејна потреба за некаква акција со топла пареа среде зимава. Еве неколку ритуали за убавина со пареа што ги обожаваме, но ниту еден од нив не вклучува нешто гинеколошко.

1. Чистење на порите на лицето

Третманот со пареа на лицето е дискутабилна навика за убавина; многу експерти за нега на кожата велат дека таа може негативно да влијае врз акните. Сепак, секогаш ќе бидеме љубители на добриот старомоден начин на чистење на лицето, кое започнува со малку лесна пареа за да се релаксираат порите и полесно да ги истиснеме со нежен притисок. Пареата е единствениот смирувачки дел од овој третман на лицето – стискањето не е пријатно –  но кога е готово, чувствувате како вашите чисти  пори може да дишат многу подобро. Толку задоволувачки.

2. Витлери на пареа

Сите се луди за локни деновиве, но треба нешто да се каже за ретро методот со витлери на пареа. Витлерите на пареа особено се познати по тоа што даваат вистински волумен на косата. Плус, тие заземаат помалку простор во бањата отколку витлерите што се сушат со фен.

3. Кабини со пареа

Уф, кога некој би можел да нѐ пренесе во некоја таква кабина. Или на било кој природен топол извор каде би можеле едноставно да пливаме и апсорбираме минерали извесно време. Не можам да мислам на ништо слично во што би уживала повеќе во животот во овој момент. Но, прилично сум сигурна дека најблиската кабина би можела да ја најдам само во собата со пареа во вежбалната.

4. Навлажнувачи за спиење

Полнење и чистење на навлажнувачот може да биде напорно, но користење на еден во текот на есента и зимата може да има резултати како во спа центар кога станува збор за одржување на кожата жива, полна и сјајна. Ова е еден од оние здодевни ритуали за убавина што е толку потценет. Побарајте навлажнувач со верзија за топлина и за пареа што ќе сакате секогаш да биде во близина на вашиот кревет. Моите омилени навлажнувачи се на РureGuardian – без големи филтери со кои ќе треба да се справите.

Па, дами, колку од вас можеби еден ден ќе се обидат со третман на вагината со пареа? Што велите за другите третмани за убавина со пареа – дали сте расположени за малку пареа во моментов?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button