Зошто да не се напиеме и … да си ја скратиме косата? Оваа актерка го направи токму тоа
Многумина од нас знаат анегдоти за пријателки или сестри кои си ги скратиле шишките со безбедни ножици кога биле деца (Кајли Џенер само што постираше слика од фризурата која еднаш ù ја направилe).
Но, не можам да кажам дека сум слушнала за некоја која се напила и се ишишала – сè досега. Во малку вознемирувачкото интервју со People, актерка Аналеи Типтон (Analeigh Tipton) открива дека не само што неодамна се опијанила кога неодамна ù направиле „pixie“ фризура, туку си ја скратила и косата!
„Си ја скратив косата една сабота кога навистина бев пијана – вистинска сторија“, изјави таа за магазинот, велејќи дека си ја стилизирала косата во „mohawk“ фризура првиот ден, но наредниот „отидов на фризер и ја средив, бидејќи имав џиновски одрезоци.“ Освен тоа, оттогаш ја има бојадисано косата од русокоса во нешто потемен костенлив тон.
Типтон додава: „Мислам дека секоја жена треба да ја скрати косата. Тоа е ем многу ослободувачки, ем многу застрашувачки.“ Можеби, но се претпочита тоа да се направи во трезна состојба, нели? Иако ја познавам Типтон само од најавите на краткотрајната „Manhattan Love Story“, наоѓам дека таа е целосно симпатична – и со оваа нова кратка фризура и со претходно долгата до брадата. За жал, прилично сум сигурна дека една пијана „рixie“ фризура нема да заврши толку добро за другите 99 отсто од нас.
Дали вие, или некој што го знаете, некогаш сте направиле „пијано потстрижување“ како ова?