Следете го нашиот моден водич во кој ќе ви покажеме како да изгледате прекрасно и на 50 години.
Светкавите детали на оваа маица овозможуваат овој аутфит да го носите преку ден и преку ноќ, а се што треба да направите е само да ги промените чевлите…
Модата нема граници и затоа треба да знаете дека и вие можете да ги носите трендовите иако имате 50 па и повеќе години.
Трикот се состои во тоа да научите кои стилови одговараат на вашиот облик на телото, бидејќи тоа многу ја олеснува работата кога треба да изберете облека која што ќе ја комплетира вашата фигура.
Обидете се со look од 70-те години на минатиот век во комбинација со шик џемпер и интересни модни додатоци …
Не плашете се да го покажете вашиот најдобар адут. Доколку се уште имате совршени нозе тогаш покажете ги во тесни фармерки или прилагодени панталони и научете како да ги сокривате оние делови од телото кои не ги сакате.
Пробајте мал црвен фустан од тантела …
Големиот стомак и задник можат да се држат настрана од заинтересираните погледи доколку носете овер-сајз џемпер или долга комотна блуза. Но не заборавајте – носете ги оние парчиња во кои се чувствувате комфорно.
Краток фустан и хулахопки во шик боја …
Бели фармерки и „овер-сајз“ џемпер
На крајот на денот се сé врти околу тоа да се чувствувате убаво и да изгледате убаво, а не само да се обидувате да ги носите оние парчиња кои што ги носат моделите кои се на врвот на својата кариера и да се нервирате затоа што вам не ви стојат ни приближно добро како на нив.
види повеќе » |
Извор: Mirror