Кажете ѝ збогум на сувата кожа благодарение на нашите омилени совети, производи и трикови за прикривање.
Пилинг, пилинг, пилинг – на целото тело
Без разлика колку навлажнувачки производи користите, мора да ја триете кожата за да ги отстраните мртвите клетки. Не сте сигурни каков вид на средство за отстранување на мртвите клетки ви треба?
Можеме да ви помогнеме. Консултирајте се со нашиот водич да го пронајдете најдоброто средство за пилинг на вашиот тип кожа.
Променете ги вашите навики за туширање
Подолгото изложување на топла вода може претерано да ја исуши кожата и да ја влоши егземата кај оние кои се склони на неа, велат дерматолозите. Освен намалување на температурата на водата, изберете и лосион за миење на телото со глицерин или силикон – и двете состојки може да помогнат водата да се задржи на кожата, без да имате чувство дека таа ви е оголена.
НАШ СОВЕТ: Третманот со глицерински или силиконски лосион сепак сведете го еднаш на десетина дена
Негувајте ја кожата на вистинскиот начин
Еден од најважните фактори секaкo дека се и производите за нега на лице, па токму затоа решивме да направиме и еден мал потсетник за производите за убавина кои би можеле да ги користите во овој период од годината. За почеток ви ја препорачуваме новата иновативна линија SPECIFICS на производи за нега на лице од познатата козметичка куќа SEVENTEEN, кои не само што се со врвен квалитет, туку имаат и многу достапни цени. Во неа ќе најдете производи кои ја измазнуваат кожата, го забавуваат стареењето, го контролураат лачењето на себум, како и многу други производи поради кои луѓето едноставно нема да можат да се воздржат а да не ви дадат комплимент за изгледот на вашата кожа!
Доколку сакате да се запознаете повеќе со производите за нега на лице и остранување на шминка на SEVENTEEN, кликнете тука.
Заменете ги најважните елементи за бричење
Бричењето на нозете автоматски ја суши и кожата, бидејќи го отстранува површински слој. Обезбедете им ја многу потребната нега на нозете со помош на безмирисната крема за бричење, а обидете се и со мазен жилет со неколку сечила и вградена навлажнувачка лента.
Без првут
Многу жени мислат дека сувата кожа на главата е причина за непријатните бели ’снегулки’, но првутот е, обично, резултат од бактериска нерамнотежа. Сепак, митот често прави жените да мислат дека треба да користат дополнителен регенератор на скалпот, но тоа не е решение – на тој начин првутот станува поизразен. Наместо тоа, се сугерира нежно миење на косата секој ден – да, тоа е често – и користење пилинг третман, како на пример со маска за скалп еднаш неделно доколку првутот не исчезне.
Вклучете маска за коса во вашата рутина
Честото шампонирање може да биде добро за вашиот скалп, но тоа може да ја отстрани дополнителната влага од косатаа па затоа еднаш или два пати неделно почестете ја косата со екстра храна – маска како на пример, Oribe… ($ 62, oribe.com). Користете ја оваа маска наместо регенератор, а за да добиете максимален ефект измијте ја косата, исушете ја со крпа, потоа нанесета ја маската од краевите на косата па по целата должина и оставете ја да дејствува пет до седум минути пред да ја исплакнете.
Лосион за туширање, дел I
Веќе долго време сме љубители на навлажнувачи на кожата после туширање за да ја задржиме влажноста на кожата. Но, сега постои вистински производ направен токму за оваа цел: Нивеа лосион за туширање (5,99 $, target.com). Нанесете го во текот на туширање и веднаш исплакнете се. Формулата на овој лосион лежи во тоа што тој се активира при допир со водата, па така влажноста од водата веднаш се впива во кожата.
Лосион за туширање, дел II
Кога сме на оваа тема, знаеме дека оние кои се склони на егзема и на сува кожа в зиме може да бидат особено чувствителни на мириси, па затоа тие треба да избегнуваат креми и масла за тело со тежок мирис. Наместо нив, ви препорачуваме повторно да нанесете безмирисен навлажнувач пред спиење. Секогаш до креветот имајте шишенце Curel Rough Skin Rescue (5,94 $ за 13-ет. Мл., Drugstore.com).
Не заборавајте ги пазувите
Не, пазувите навистина не се сексипилни, но ако имате сува кожа и јадеж, тогаш знаете колку болно може да биде тоа. Користете дезодоранс со хидратантни состојки, како Dove Advanced Care Antiperspirant Deodorant (6,19 $, drugstore.com) – така не ќе морате секогаш да носите ролки.
Залихи од крема за раце
За зимска нега на кожата на рацете, околу ноктите, глуждовите и за ноктите ви препорачуваме крема врз база на путер или маслиново масло. Но, ќе ни бидете особено благодарни и за следниот совет: Купете повеќе пакувања и секогаш имајте едно дома, на работа и едно во чантата.
Но, не заборавајте ја кремата за очи
Како што времето станува посуво, може да забележите како некои подмолни нови линии почнуваат да се појавуваат на неочекувани места. Кожата се суши побрзо во текот на зимата, а очите може да бидат први што ќе го покажат тоа. Затоа употребувајте креми токму за ова време на годината, како Natura Bissé Diamond Extreme Eye ($ 202, naturabisse.com). Нејзиниот смирувачки мирис на лаванда и вонредната ефикасност целосно ја оправдува цената. Друга опција? Aveda Botanical Kinetics Energizing Eye Cream ($35, aveda.com).
Вратете се на едноставните нешта
Вазелин: Бил добар за вашата баба, ѝ бил корисен на вашата мајка, па ќе биде успешен и за вас. Нафтено желе може ефекасно да ја ’фати водата во стапица’ па така кожата ќе ја задржи влажноста. Го ставаме на усните и под носот кога е иритиран. Плус, сега може да го имате во симпатични пакувања од 0,25 мл. што се практични за носење кога сте во движење и патувате.