Што да облечете со вашите омилени чизми до глужд
Пред некој ден ви ги претставивме најубавите чизми до глужд за оваа сезона, а за денес решивме да споделиме со вас неколку комбинации како да ги носите истите.
Па, доколку сакате да изгледате кежуал, тогаш комбинирајте ги со тесни фармерки и капут кој можете да го носите и само префрлен преку рамениците, но доколку сакате малку покласичен и поделовен изглед, тогаш комбинирајте ги чизмите до глужд со три четврт панталони.
За шик вечерен изглед комбинирајте со здолниште, фустан, или доколку сакате да бидете во центарот на вниманието, обидете се да направите впечатлива комбинација со кожни хеланки или панталони.
Погледнете ги и останатите комбинации, а потоа доколку сакате да ги видите и цените на најубавите чизми до глужд, тогаш отворете ја и галеријата која што ви е дадена на самиот крај од овој текст.
топ 25 чизми до глужд » |