Дали ги бричете нозете? Па, да секако! А рацете? Понекогаш да! А дали би го бичеле вашето лице? Што?
Да, вака отприлика би реагирале претставничките на понежниот пол доколку директно им го поставите прашањето дали си го бричат лицето како што тоа го прават мажите. Но, ние ги бричиме нозете, се бричиме под мишките, рацете.. па и нашите интимни делови, а кога станува збор за лицето, оние кои имаат влакненца користат разни методи за да го решат овој проблем. И тоа најчесто е нивна мала тајна, што е сосема ОК, затоа што жените прават многу нешта за да изгледаат убаво, но колку од вас слушнале дека и жените се бричат и дека така кожата може да изгледа поубаво?
Можеби ова ќе ви звучи лудо на прв поглед, но верувајте, станува збор за нешто што е сосем нормално и што жените го правеле отсекогаш!
Ова го правеле и Елизабет Тејлор, Мерилин Монро, а според историјата (т.е. митологијата), дури и Клеопатра била жена која редовно го бричела лицето.
Да, денес фацијалното бричење се доживува под името „dermaplaning“ и преставува нов економски бум – барем во Америка. Се повеќе салони за убавина нудат третман во кој жилетите ви се поместуваат по целото лице. Ефектот е – поубава и почиста кожа, како и посебен сјај кој поинаку не би можеле да го постигнете.
Најинтересното кај овој вид третмани е во тоа што за разлика од хемискиот пилинг, Px на кожата не се исфрла од рамнотежа. Станува збор за многу едноставна механичка метода на пилинг со кој се отстрануваат мртвите ќелии и кожата станува дополнително блескава. По ова, бидејќи кожата е помека и пофина, и шминката може да се нанесе многу полесно и побрзо, вели Дана Стерн дерматолог за ласерската хирургија за кожа од Њујорк.
{youtube}e8IbccdJe4I{/youtube}
Инаку, за оваа техника се користат специјални жилети кои се користат под специфичен агол така што по еден ваков третман нема забрзано, ниту пак повеќе да ви растат влакненцата. Ова накратко значли дека е најдобро овој третман да го првите во салони кои ја нудат оваа услуга и никако со жилети купени од продавница.
НО,за жал, ваквите салони не само што ги нема во Македонија (или барем ние не сме слушнале за нив!), туку тие се вистинска реткост и за во Европа.
Па, што мислите, дали е во ред дамите да го бричат лицето?