Реклама
Нега и здравје

15 природни антибиотици кои ќе ви помогнат во борбата против инфекциите

Реклама

Колку и да се трудиме да го зајакнеме имунитетот и да бидеме отпорни на болести, сепак понекогаш се случува да дојде до несакани инфекции. Традиционалната медицина во ваков случај препорачува користење на антибиотици, кои ги уништуваат бактериите.

Но, за жал, антибиотоиците не делуваат селективно и заедно со „лошите“, патогените бактерии ги убиваат и „добрите“ бактерии кои се неопходни за правилно функционирање на дигестивниот систем. Добрите бактерии во цревата помагаат во создавањето на витамини и зголемувањето на имунитетот. Некои научници сметаат дека убивањето на добрите бактерии придонесува за појава на астма, рак и прекумерна тежина. Затоа, кога се користат антибиотоци се препорачува и употреба на пробиотици кои ќе помогнат да се обноват „добрите“ бактерии во цревата. Сепак постои и алтернатива – природни антибиотици кои ќе ви помогнат во борбата против инфекциите а не се штетни за здравјето.

Маркетинг

1. Мед

Маркетинг

Медот се користел како антибиотик за низа разни рани и болести во многу култури насекаде низ светот долго време пред да почнат да се произведуваат синтетичките антибиотици.

Денес е научно докажано дека медот има антибактериски својства и дека лекува осипи на кожата, изгореници и абразии. Исто така, медот ги чисти забите и устата од бактерии и го сопира крвавењето на жлебините. Се покажал како ефикасен и во третманот на кожни проблеми, чиреви и мозолчиња и плускавици. Треба да се внимава при изборот на медот – потемниот мед има посилни антибактериски својства. Медот за третман на рани и инфекции не треба да биде пастеризиран.

2. Зелен чај

Зелениот чај е многу корисен за здравјето бидејќи е богат со антиоксиданси и хранливи материи кои ја подобруваат работата на мозокот, а истовремено помагаат за намалување на телесната тежина и намалување на ризикот од појава на тумори. Зелениот чај содржи состојки кои се многу ефикасни во борбата против бактериите во устата. Пијте зелен чај почесто и ќе ги увидите неговите користи за здравјето.

3. Масло од оригано

Маслото од оригано ги убива патогените бактерии без да има негативно влијание врз неопходните добри бактерии. Освен ова има и силно анти-вирусно и анти-габично дејство, така што претставува исклучително силна комбинација 3 во 1 без негативните ефекти на синтетичките антибиотици. Главната анти-микропска состојка во маслото од оригано е карвакрол, а за да биде ефективно маслото треба да содржи над 70% карвакрол. Потврдено е дека маслото од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии, вклучувајќи и бактерии резистентни на антибиотици. Маслото од оригано може да се додаде во средство за дезинфекција на рацете, да се прска во воздухот, да се мачка на кожа, или да се зема во форма на таблети. Доза од 600 mg дневно е доволна во борбата против цревните паразити.

4. Ехинацеа

Индијанците ја користат ехинацеата за третирање на рани и против инфекции повеќе од 400 години. Таа има анти-вирусни својства, а исто така е и оксидант. Ја намалува болката, делува против воспалителните процеси, го спречува настанокот на инфекции и го зајакнува имунитетот. Ехинацеата го зајакнува одбранбениот систем на организмот и спечува бактериски и вирусни инфекции. Посебно е делотворна во спречувањето на настинки, запаленија на увото, грип, но исто така и кожни проблеми како атлетско стапало и повреди кои бавно зараснуваат.

Ехинацеата се наоѓа во разни облици, како тинктура, масло, капсули и апчиња, самостојно или во комбинација со други природни суплементи. Од коренот на ехинацејата може да се подготви и чај за зајакнување на имунитетот.

5. Лук

Со векови наназад многу народи го користеле лукот во медицински цели. Се користел како заштита против чумата и други епидемии. Тој има силни антибиотски, анти-вирусни, анти-габични и анти-микропски својства. Помага да се заштитат добрите бактерии и да се отстранат лошите. Многу е богат со природни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали, со што се зајакнува имунитетот. Современите истражувања потврдуваат дека лукот е ефикасно средство против многу бактерии, вируси и габи. Неговата ефикасност се споредува со пеницилинот. За разлика од модерните анибиотици, организмот не може да развие резистентност на лук. Најдобро е да се консумира свеж, но ако ви смета мирисот можете да го додавате во варени или печени јадења, при крајот на готвењето за да не се уништат корисните својства. Исто така може да се консумира и во форма на таблети.

6. Екстракт од лист на маслинка

Плодот, листот и семето на маслинката се преполни со супстанции корисни за здравјето на човекот. Најважната супстанца од листот на маслинка за медицинска употреба е наречена олеуропеин. Анти-микробните својства на олеуропеинот се многу пати тестирани и за неговата делотворност е пишувано во многу медицински списанија. Екстрактот од лист од маслинка се користи во третманот на вирусни и бактериски инфекции, како и за зголемување на добрите бактерии во стомакот.  Листот од маслинка е многу силен антиоксидант, делува анти-воспалително и ја ублажува болката. Екстрактот од лист од маслинка може да се најде во форма на апчиња, крем или течен екстракт. Може директно да се нанесува на кожата или да се зема орално, најмногу 60 гр. дневно.

7. Ѓумбир

Ѓумбирот одамна се користи како ефективно средство против мачнини во текот на бременоста или при патувања. Тој има силни анти-воспалителни својства и исто така го снижува холестеролот. Многу лесно можете да го вклучите ѓумбирот во секојдневната исхрана, можете да го додавате како зачин во јадењата, да го додавате во сокови или да го пиете во форма на чај. Исто така, ѓумбирот е достапен и во форма на екстракт, тинктура, капсули или масло.

8. Кокосово масло

Заситените масла во состав на кокосовото масло имаат анти-бактериски, анти-габични, анти-вирусни и анти-паразитски својства. Кокосовото масло се користи за зајакнување на имунитетот, за третман на кожни проблеми како егзема, псоријаза, дерматитис и сл. и спречување на кожни инфекции. Има анти-микропски својства и делува против бактериите кои предизвикуваат лошо варење на храната, а исто така ефикасно се користи и за лекување на кандида.

9. Цимет

Како што покажуваат истражувањата, циметот може да ги убие најголемиот дел од бактериите кои се наоѓаат во болниците, а исто така студии покажуваат и дека циметот може да ги убие бактериите кои се резистентни на стандардните антибиотиоци, како и успешно да се користи за лекување на ешерихија коли.

10. Каранфилче

Заболекарите и денес користат масло од каранфилче како орален антисептик и средство за дезинфекција на каналите на коренот. Главната анти-микропска состојка во растението е еугенолот кој се содржи во големи количини. Ако имате забоболка џвакајте каранфилче неколку минути и болката целосно ќе исчезне во рок од два часа. Каранфилчето е најефикасно во форма на масло.

11. Реиши печурки

Реиши печурките спаѓаат во групата на медицински печурки и се познати не само како одлично средство за зајакнување на имунитетот, туку и како екстремно силно анти-бактериско, анти-вирусно и анти-габично средство. Реиши печурките делуваат поволно на имуниот систем и на црниот дроб. Силниот црн дроб ќе му помогне на организмот да се одбрани од нападот на надворешните непријатели и ќе помогне во детоксикацијата на организмот ако добиете инфекција.

12. Екстракт од семе од цитрон

Екстрактот од семе од цитрон е силен антибиотик добиен од семето од цитрон. Одамна било забележано дека цитронот има анти-бактериски својства и по бројните истражувања се потврдило дека токму екстрактот од семето од цитрон има изразено дејство на бактерии, вируси, габи и паразити. Оваа чудесна супстанца е релативно евтина, може да се користи и за надворешна и за внатрешна употреба. Можат да ја користат и луѓе и животни. Досега бактериите немаат развиено резистентност на овој природен антибиотик. 

13. Коилоидно сребро

Колоидната сребрена вода е природен, сигурен и неотровен антибиотик, кој се покажал како ефикасен во уништувањето на над 650 причинители на болести како вируси, бактерии и габи. До откривањето на пеницилинот среброто било единствен лек за многу болести. Во САД колоидното сребро е одобрено лек без рецепт во 1983, но остана занемарено покрај силниот развој на индустријата на антибиотици. Дејството на колоидната сребрена вода како силен антибиотик при сите видови на инфекции е научно докажано така што нема причини зошто да не го користите и да ги избегнете вештачките антибиотици.

14. Прополис

Пчелите го користат прополисот за хигиена и одбрана на кошницата од надворешни напади, вклучувајќи ги инфекциите. Луѓето одамна го користат среброто како природен антибиотик кој штити од различни бактерии и го зајакнува имунитетот. Прополисот исто така има и докажано дејство против вируси. Според истражувањата, користењето на прополис во сезоната на грипови и настинки го намалува ризикот од заболување за дури 53%. Прополисот успешно се користи при лекувањето на кашлица, воспалување на грлото, синусите и крајниците. Прополисот исто така се користи и за кожни проблеми и тоа во форма на маст, при што успешно лекува разни габични и бактериски инфекции на кожата.
 
15. Витамин Ц

Витаминот Ц одамна се користи за превенција од болести и тоа најмногу во сезоната на грип и настинки. Витаминот Ц е природен антиоксиданс кој помага во одбраната на организмот од надворешни непријатели. Голем број на истражувања го потврдуваат дејството на витаминот Ц во борбата против вируси и бактерии, но исто така е докажано и дека ако се зема интравенозно делува и на токсини (змиски отров). Во Северна Каролина успешно се излечени 60 пациенти од полиомелитис во тек на епидемија од оваа болест. Витаминот Ц се содржи во многу видови на овошје и зеленчук и исто така е достапен и во таблети.
 
 
 Извори: blogs.naturalnews.com, alternativa-za-vas.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button