Реклама
Celebrity

Еве како изгледа „Денот без панталони“ во светот и зошто овој празник не го слават кај нас

Реклама

Подземните железници во Њујорк, Берлин, Прага, Милано и во многу други градови вчера беа преполни со луѓе во долна облека.

Ниските температури не беа причина да не се прослави „Денот без панталони“ кој беше одбележен во повеќе светски метрополи.

Маркетинг

Инаку, првиот ден без панталони беше одржан во Њујорк во 2002 година, кога на него учествуваа само седумина жители на овој град. Денес на овој настан учествуваат илјадници граѓани од целиот свет, а единственото нешто што треба да се направи за да се учествува во празнувањето е да ги заборавите панталоните дома и да се појавите во метро облечени само во гаќи.

Маркетинг

Правилото е горе да сте облечени сосема нормално, додека долу панталоните се „строго“ забранети.

Постои и едно непишано правило, а тоа е дека комуникацијата помеѓу учесниците е забранета, па затоа најдобро е да не се коментира туѓиот стајлинг, без разлика колку тој ви се допаѓа.

Сите треба да се однесуваат нормално, а се препорчува и да се чита весник или книга, како и да се слуша музика и да не се грижите како ве доживуваат другите кои не го празнуваат овој ден.

Доколку ви е студено или сте зимурливи, можете да облечете и два пара гаќи, или во крајна линија и хеланки.

Сепак, во крајна линија, малку би било чудно овој празник да се слави кај нас во земја во која многумина немаат ниту за гаќи, иако новите двократни автобуси плачат за вакви момци и девојки. :)

{youtube}n00NFbjv3WU{/youtube}

Инаку, оваа година прв пат акцијата беше изведена во Букурешт

{youtube}YsgwgJUubao{/youtube}

A еве како тоа изгледаше во Mексико Сити

{youtube}DCiF69JT-FA{/youtube}

Ванкувер

{youtube}WxIY6u4MvL8{/youtube}

Па, дали би сакале ова позитивно лудило да го видите и кај нас?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button