„Божиќ во Дом на млади“ е настан кој традиционално се одржува на 07 јануари секоја година во штипскиот Дом на млади.
На 07.01. 2015 година со почеток во 22 часот во Дом на млади Штип ќе се одржи настанот „Божиќ во Дом на млади“ кој традиционално во континуитет се одржува веќе 20 години.
На штипската сцена во култниот простор на „Домот на млади“ досега поминале бројни имиња кои оставиле трага на макендонската, но и на меѓународната сцена. Оваа година во склоп на традиционалниот настан „Божиќ во Дом на млади“ на комплетно новата сцена и во реновираната сала ќе настапат бендовите Blues o’clock од Штип и гостите Fighting Windmills од Скопје кои ќе го донесат нивниот алтернативен и прогресивен рок звук.
Првиот албум „Аграрни реформи и варијации на тема” на Fighting Windmills беше снимен во 2008 година, додека во 2009 година го објавија (во студиото на PMG Recordings) нивниот нов ЕП (extended play), кој се нарекува “?!” со 4 демо материјали за нивниот втор албум. Во крајот на 2010 година, го издадоа нивниот втор албум, наречен „Најсмешниот виц на светот”.
{youtube}OoK9xajXfss{/youtube}
Третиот и последниот студиски албум на експериментална-рок квинтет од Скопје, создаден од страна на самата група, а снимен со Ненад Трифуновски, „Рапсодии во празно” е звукот од животот на пет млади луѓе.
На концертот за Божиќ во Дом на млади, ќе ја имаме единствената можност во целост да го преслушаме и материјалот за претстојниот, четврти [се уште неименуван] албум, кој ќе биде снимен во текот на февруари.
{youtube}GibLnzOprrw{/youtube}
Ве каниме да бидете и Вие дел од овој урбан празничен настан и достоинствено (читај авангардно!) да го прославиме Христовото Рождество. :)