Нова година спаѓа во една од оние пригоди кои бараат да го облечете најубавиот фустан, новите XXL високи потпетици, но и да направите посебен и магичен make-up.
Сепак, за Нова година никако не треба да експериментирате со шминката, ниту со облеката, бидејќи за оваа вечер најважно е да се чувствувате најдобро. Токму и затоа за денес, кога веќе ги одбројуваме часовите до најлудата ноќ во година, ви ја препорачаме шминката „Pure Elegance’, од каталогот на Seventeen.
ТЕН И ПОДЛОГА
Matt Plus Liquid Foundation
Со течната пудра Matt Plus Liquid Foundation креирајте совршена основа за долготраен, мат изглед на вашата кожа. За прекривање на подочниците и другите несовршености на лицето, користете Ideal Cover Cancealer во нијанса која најповеќе ви одговара. Со руменилото Natural Matte Silky Blusher No09 дајте им на вашите образи природен, свеж мат изглед.
SMOKEY EYES
„Доколку сакате да бидете кралица на вечерта, тогаш изберете гламурозен, но елегантен look“ |
Руменило Natural Matte Silky Blusher и две сенки – Star Sparkle Shadow и Silky Shadow Satin од SEVENTEEN
Откако ќе завршите со тенот и подлогата, на очниот капак ставете од сенката за очи Silky Shadow Satin N0215 сенчајќи во тенка smokey линија, во должина на долниот дел од окото. Потоа со Star Sparkle Shadow No. 503 истакнете го надворешниот дел од окото, нанесувајќи до средината на очниот капак. Со црн ајлајнер Super Smooth Eyeliner No 01 Black Velvet истакнете ја smokey линијата во долниот дел на окото, а потоа за комплетен блескав изглед на трепките ставате црна маскара The Stylist Mascara No 01 Black.
КАРМИН И МАНИКИР
Нема ништо подобро од добар кармин и минакир за Нова година. Користете кармин во интензивна боја All Day Lip Color Mo16 за заводливи усни, додека за совршен празничен изглед на ноктите ставете лак за нокти Supreme Nail Enamel No 169 во боја на темно црвено вино, кој совршено се совпаѓа со блесокот на вашите очи.
Погледнете ја и шминката – заблескајте како ѕвезда за Нова година »