Џенифер Лопез секогаш изгледа беспрекорно, а една од работите која не може а да не ви падне во очи е секогаш внимателно избраната шминка.
Па, да видиме во што е нејзината тајна…
Џенифер Лопез ги изненади своите обожаватели со фотографија на која се гледа какo се шминка. На крупниот кадар јасно можат да се видат триковите со кои прекрасната Џеј Ло ја нагласува својата убавина. Нејзината шминка најчесто се одликува со нагласување на очите, додека на останатиот дел од лицето преовладува подискретна шминка во понежни тонови.
Според тоа, ако сакате да се нашминкате како Џенифер Лопез, спроведете ги овие седум чекори и заблескајте како пејачката.
1. Нанесете подлога за шминка и течна пудра на подрачјето под очите и капаците, а потоа дополнително нанесете коректор или осветлувач кој секогаш треба да биде за нијанса посветол од тенот.
2. На капаците на очите нанесете светла сенка која ќе ви служи како подлога. Нанесете потемна сенка во линија со трепките, и на работ на капаците кон надворешниот дел. Темната сенка потоа треба да исцрта лак кој што ќе оди до очните коски над капакот. Треба да имате на ум дека дел од капакот покрај работ на трепките треба да биде нашминкан посветло од надворешниот дел на окото. Убаво нијансирајте ја бојата за да не се забележуваат премините од една во друга.
3. Нанесете бела сенка на аглите на очите, од страната кај носот, за дополнително да ги отворите очите.
4. На подрачјето на долниот капак повлечете линија со темен молив за визуелно да ги зголемите очите.
5. Трепките истакнете ги со маскара.
6. На образите ставете малку бронзер или руменило.
7. На усните ставете малку кармин во боја кој нема премногу да истакнува, а ќе придонесе усните да изгледаат полни.
Извор: задоволна.хр