Девојки, направите пауза од досадните бои и за овој викенд обидете се да изгледате малку поинаку со шик боја на кармин.
Да, во Холивуд сите го прават тоа, па ако можат овие дами на црвениот килим, каде постојано светкаат блицовите, тогаш можеме и ние кога сакаме да изгледаме елегантно, гламурозно и секси, нели?
Еве неколку примери за кои вреди да подискутираме:
ВАМП ИЗГЛЕД
Доколку сакате потполно да го промените вечерниот изглед, тогаш пронајдете го вашиот темен кармин како што тоа го направи Амбер Хард. Само запомнете дека оваа боја ќе ги држи вашите усни во центарот на вниманието, па обидете се да останете ведри, насмеани и секако – најубави!
ЛЕТО ВО ДЕКЕМВРИ
Жешка корална боја за преодниот зимски период? А зошто да не? Оливија Мун покажа дека тоа може да изгледа потполно шик!
БЕБЕШКА НАСМЕВКА
Еве еден пример со светло розов кармин. Преубавата боја на Кендал Џенер е полн погодок за сите девојки кои сакаат да изгледаат нежно, елегантно и секси, а ефектот е – пластични усни како на некоја убава кукла.
Па, која од овие бои ви се допаѓа најмногу?