Модни совети

Три комбинации за деловен look позајмени од Викторија Бекам

Advertisement

Викторија Бекам има префинет вкус за мода кој се базира на класика и елеганција, и со кој се истакна како една од најубаво облечени жени на светот, но и како призната модна дизајнерка.

Advertisement

Кога е во прашање нејзиниот деловен стил, тој со леснотија би можел да се копира, бидејќи содржи парчиња кои лесно можат да се пронајдат во продавниците за улична мода од кои најчесто купуваме (види тука).

Стилот на Викторија се базира на класични и убави парчиња облека без прекумерни излети во екстравагантните комбинации. Таа црниот капут го носи со тесни црни фармерки и салонки со вртоглави високи потпетици со кои таа најчесто ги заокружува своите шик деловни комбинации.

Advertisement

Високите потпетици кои најчесто ги носи Викторија Бекам ја преминуваат должината преку 10 сантиметри. Токму такви екстремно високи потпетици и правеа друштво кога носеше салонки кои ги комбинираше со здолниште со молив крој со разигран леопард принт и едноставна црна долчевита.

Што се однесува до волумензираното и „oversize“ здолниште кое е најновата модна инспирација на дизајнерката, таа совршено го носи во комбинација со бела кошула и црни чизми до глужд со високи потпетици.

Доколку ги анализираме деловните комбинации на Викторија ќе заклучиме дека нејзиниот стил секогаш се базира на совршени комбинации, кои се во склад со трендовите и покрај тоа што се модерни, тие секогаш се во рамките на класичниот елегантен стил. И кога на сето ова ќе ги додадеме нејзините високи потпетици од кои очигледно дека не се разделува – добиваме супер деловен „look“ кој што би можел да го позајми секоја дама.

види повеќе »

За повеќе комбинации на Викторија, погледнете ја галеријата …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button