Кинескиот сајт кој испорача катастрофално сако на една скопјанка, има злоупотребено и фотографии на Јелена Карлеуша
Српската пејачка Jелена Kарлеуша повторно се најде на странски портал, но овој пат станува збор за злоупотреба.
Порталот „Aliexpress” искористи фотографии од Јелена Карлеуша за продажба на копии на позната облека по поволни цени. Тие користат фотографии од познати личности на кои што ѕвездите носат брендирана или уникатна облека, а потоа со истите фотографии ги рекламираат парчињата што ги имаат во својата онлајн продавница. Парчињата што тие ги продаваат се направени според оригиналните и изгледаат идентично (но, верувајте, само на слика!).
„Фотографиите се користат без мое знаење и тоа е нешто кое што не можам да го контролирам. Особено ако се земе во предвид дека мојот Инстаграм профил е еден од најпосетуваните на целиот Балкан. Досега ги забележавте моите фотографии на кинескиот e-Day, како и на бројни американски сајтови, па не ме изненадува што се најдов и на овој сајт“, изјави Јелена во врска со фотографиите кои се појавија на порталот “Aliexpress” на кој можат да се сретнат и фотографии од други познати ѕвезди како што се Бијонсе и Ким Кардашијан.
Купила сако од интернет, а погледнете што добила!
Инаку овој сајт деновиве се најде во центарот на вниманието и откако Македонката Гордана Максимовска на својот фејсбук профил постави фотографии од сако кое го порачала од каталог што го добила по пошта.
Таа фотографијата ја сподели со коментарот „Вака изгледаше сакото пред порачката, но вака изгледа откако го добив.“
„Нарачав сако преку Aliexpress и еве што добив.. Пред и потоа…“, напиша Гордана која ги предупредува пријателите „Сакото го поставив на Фејсбук бидејќи луѓето треба да знаат и да не наседнуваат на вакви измами. Прозиводот е од Кина, конците се гледаат од сите страни, а и материјалот е катастрофа“.