Нега и здравје

Имала 30 килограми плус, а погледнете како изгледа сега во костим за капење

Advertisement

Познатата фитнес инструкторка Џенифер Никол Ли имала дури 31 килограм плус, но тоа не значи дека денес не изгледа одлично!

Advertisement

Taa e кралица на фитнесот

Со помош на нејзината специјална програма таа успеа да ослабне, да го затегне своето тело и да изгледа прекрасно, така што денес заработува споделувајќи совети што ги следат многу жени во светот. Таа изгледа апсолутно прекрасно, така што не е ни чудо што го привлекува вниманието каде и да се појави, посебно на некоја плажа во Мајами.

Инаку, програмата за вежбање на оваа 39-годишна девојка е позната како „JNL Fusion“ и ако ги земеме во предвид нејзините фотографии како и фактот дека има издадено книга со совети за тоа како да добиете совршено тело– можеме да заклучиме дека дефинитивно делува!

Advertisement

„Не изгладнувајте се и јадете секогаш кога ќе ви бара телото, но контролирајте ги порциите и ручајте како кралица, а вечерајте како просјак“ – е најпознатата реченица која многу често ја повторува оваа згодна Американка.

Вежбање во фустан

{youtube}ztLkGRfmgQc{/youtube}

Вежби за задниук како на Кардашијан

{youtube}La3oPp6kRCM{/youtube}

Појадувајте како кралица, вечерајте како просјак

„Извајајте го стомакот со помош на боровинки, цитрони, јаболка, јагоди, спанаќ и брокула. Кога ќе почне сезоната на бикините, јадете доста шпаргли – од шест до осум парчиња за ручек и вечера. Аспарагусот е природен диуретик“, вели кралицата на фитнесот и додава дека жените постојано се бомбардирани со фотографии на женски тела со иделани пропорции и убавина кои се далеку од секој стандард.

„Тоа да ви биде цел не само што не е реално туку е и штетно за менталното и физичкото здравје“.

„Сакам да кажам дека секој треба да ги насочи своите идеали кон можностите и оптималниот резултат, а не едноставно кон губењето на тежината или појасот околу половината. Потребно е да се запре со сопствената негативност и самокритичност и да се разбере дека да се биде слаб не е цел. Да бидете силни е многу посекси. За да успеам во мојата мисија за слабеење морав да ги отстранам сите негативни  луѓе околу мене и да престанам да се жалам и да глумам жртва. Станав единствената одговорна за тоа како се чувствувам и како изгледам. Го отфрлив познатиот концепт кој вели дека и утре има ден, дека секогаш може да ги оставиме работите за утре. Откако сфатив дека има само денес и дека нема утре, стапив во акција и тоа веднаш!“

„Моите успеси во програмата за слабеење ми дадоа самодоверба, енергија и волја и за други сфери од животот и навистина станав успешна на сите полиња“, вели кралицата на фитнесот Џенифер од која можеме многу да научиме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button