Деми Ловато (22) важи за девојка со перфектен тен на кожата и која многу води сметка за нега на својата кожа.
Според неа, водата и хидратацијата на организмот се најважни за жените кои што сакаат да изгледаат убаво и негувано. Таа со маскара ги нагласува своите крупни очи и истакнува дека ја преферира „Lancome Hypnose“ во црна боја. „Кога бев тинејџерка имав проблем со Т зоната и со помош на препарати успеав да ја средам кожата. Сега сум пресреќна бидејќи моето лице изгледа перфектно“, вели Деми.
Што се однесува до нејзините усни, таа без сјајот „YSL“ не може ни да го замисли својот мејк-ап и совршениот вечерен изглед.
Покрај ова, омилени и се розовите руменила со етикетата на „NARS“, а за лицето редовоно користи хидратантни креми кои ги нанесува и наутро и навечер.
Покрај ова Деми додава дека органските производи имаат приоритет во нејзината козметика и дека кожата на телото ја негува исклучително со нив.
Извор: Story.rs