Реклама
Нега и здравје

Како да им обезбедите здрава и урамнотежена исхрана на вашите деца

Реклама

На сите нас ни е потребна здрава и урамнотежена исхрана за нашето тело правилно да функционира.

Маркетинг

На децата посебно им е потребна здрава храна богата со витамини и минерали кои ќе им овозможат правилен раст и развој. При планирањето на исхраната на нашите деца неопходно потребно е да посветиме внимание на храната што ја консумираат како и на хранливите материи што ги внесуваат со неа. Во продолжение ќе ги разгледаме петте најважни нутриенти неопходни за организмот во развој. Тие ќе осигураат детето да има јаки коски и заби, регулиран систем за варење, големи количини на кислород во крвта и здрави прехрамбени навики кои ќе се задржат и понатаму во животот.

Калциум

Калциумот овозможува коските и забите да бидат здрави и јаки и е многу важен во периодот на раст на коските. Со калциум се богати млекото и млечните производи како и листестиот зеленчук. Па така, освен млекото и сирењето, со калциум се богати и следниве намирници: кељ, брокула, сусам, семе од сончоглед, бадеми, грав, суви смокви, овес.

Маркетинг

Погрижете се овие намирници редовно да бидат на менито на вашето дете.

На пример , појадокот може да биде овесна каша или интегрални житарки со млеко и со парчиња овошје. За ужинка можете да му дадете чаша јогурт или парче интегрален леб со кашкавал или сирење. Исто така можете да подготвувате и интересни шејкови со млеко и овошје кои сигурно ќе му се допаднат на вашето дете, а истовремено ќе претставуваат извор на витамини и калциум.

Растителни  влакна

Растителните влакна обезбедуваат правилно функционирање на органите за варење и треба редовно да се наоѓаат на трпезата на вашето дете. Еден одличен начин да се започне денот е чинија интегрални житарки богати со влакна кои ќе ја исполнат дневната потреба на детето од ваков вид на храна. Интегралните житарки обезбедуваат 3 или повеќе грама влакна по оброк, па настојувајте тие да ви бидат главен избор. Што повеќе има шеќер во житарките, толку помалку има влакна. Во житните каши можете да додавате парчиња свежо или сушено овошје, како и цели или мелени семиња (од сончоглед, тиква, сусам) и јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници и сл.), во зависност од возраста на детето.

Вода и природни сокови

Погрижете се детето да консумира многу вода и свежо исцедени сокови, подготвени дома, а избегнувајте ги купечките „овошни“ сокови, бидејќи тие главно претставуваат извор на нездрави шеќери, а содржината на овошје во нив е дискутабилна.

Секако, нема да згрешите и ако наместо сок му дадете на детето цела овошка.

Гравот е исто така многу богат со влакна, но и со протеини. Можете да додавате грав во супи и варива, како и во салати, и така ќе обезбедите вкусен и здрав оброк за вашите деца.

Протеини

Со протеини се богати намирниците од животинско потекло како млечните производи, јајцата, месото, рибата, но и морските плодови. Во нешто помали количини протеини содржат и растителни намирници како гравот, јаткастите плодови, зеленчукот и житарките.

Децата најчесто сакаат да јадат јајца кои можете да ги приготвувате на најразлични начини, како кајгана, на око, варени, или да ги додавате во друга храна која децата ја сакаат, како на пр. палачинки. На овој начин ќе внесат и протеини и железо, како и други хранливи состојки.

Додавајте ореви (цели или мелени) секаде каде што ќе можете, на пример во житарки, јогурт, овошна салата и сл. како извор на протеини, влакна и незаситени масти.

Железо

На децата често им недостасува железо во исхраната па затоа потрудете се на нивното мени постојано да има намирници како месо без маснотии, јајца, риба, грав, суво овошје и житарки богати со железо. Општо познато е дека меѓу намирниците богати со железо почесно место зазема спанаќот, но тука се и местото, како телешкото и џигерот, потоа морските плодови и рибата, интегралниот ориз, овесот и просото, леќата гравот и грашокот, блитвата, зелјето и кељот.

Овошјето генерално не содржи многу железо но затоа пак содржи витамин Ц (портокали, мандарини, цитрони, диња, јагоди, боровинки и сл.) кој ја подобрува апсорпцијата на железото. Сувото овошје како грозјето, кајсиите и сливите имаат најмногу железо.

Некои од намирниците имаат посилен ефект во комбинации со други намирници. На пример, за зголемување на ефектот на железото, во салата со спанаќ можете да додадете мандарини или сок од лимон. Чаша сок од портокали има одличен ефект во комбинација со појадок богат со житарки.

Треба да имате во предвид дека калциумот од млекото ја блокира апсорпцијата на железото од спанаќот, па треба да се јадат одвоено.

Храна богата со антиоксиданси

Антиоксидансите му помагаат на организмот да се одбрани од штетни материи кои можат да ги оштетат клетките. За да осигурате дека вашите деца внесуваат доволно антиоксиданци погрижете се во нивната исхрана да бидат вклучени намирници како бадеми, рибизли, цитрусно овошје, моркови, спанаќ, домати и пиперки. Намирниците богати со антиоксиданси ќе ги заштитат вашите деца од болести.

На пример, можете сами да направите сос од домати и да го додавате на разни јадења како на пица, шпагети, но и во супи и u други варени јадења.

Исхраната е основен фактор за здравјето на вашите деца. Затоа потрудете се да им овозможите здрава исхрана, заснована првенствено на овошје и зеленчук, како и готвени јадења, а избегнувајте ја готовата индустриска храна што е можно повеќе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button