Десет комбинации како да ја носите кошулата која е must-have парче за секоја девојка
Откако госпоѓицата Шанел ја украде од машкиот ормар и им ја подари на дамите, кошулата стана класика и задолжително парче во гардеробата на секоја жена.
Ова може да се види и од оваа шик комбинација на модната икона Викторија Бекам.
Бившата„ спајсица“ со оваа комбинација само го потврди она што сите го знаеме, а тоа е дека белата кошула е вечна класика и секоја нова сезона можеме да ја носиме во различна комбинација и да изгледаме тренди и модерно. Викторија носеше бела кошула со машки крој со широко црно здолниште со средна должина, низок струк и елегантни црни чизми до глужд. Познатата „пошица“ и покрај дождливото време, лицето го сокриваше со темни очила за сонце.
Каролина Херера
Белата кошула може да ве одведе од бирото на шанк со само еден едноставен чекор! Таа дефинитивно е класика што може да се споредува со малиот црн фустан. Токму и затоа познатата дизајнерка Каролина Херера ја вклучи белата кошула во своите колекции уште од 1981 година и вели дека никогаш нема да и биде доста од овие парчиња: „Ги сакам белите кошули бидејќи на нив гледам како некаква сигурност, парче кое секогаш ве спасува во најразлични ситуации. Можете да ја носите со било што, а најголема предност на овие кошули е во тоа што таа најмногу зависи од личноста што ја носи“.
„Тие се женствени и кога наутро ќе си поставам прашање што да облечам, сфаќам дека белата кошула е најдобар избор. Кога е во прашање белата кошула имам преубави спомени поврзани со неа, бидејќи сите ги носевме на училиште. Се сеќавам како тие секогаш мораа да бидат спремни и перфектно подготвени“ вели седумдесет и пет годишната Каролина за AAGR, и додаде дека тие одлично одговараат со кратки здолништа, панталони, па дури и со долги здолништа. „Тие се многу кокетни затоа што го осветлуваат лицето“, вели таа откривајќи дека тајната на белата кошула како вечна класика е во тоа што многу лесно се прилагодува, а најважно од се е што тие секогаш стојат добро.
Супер деловна комбинација на Викторија …
KAKO ДА ГИ НОСИМЕ?
Комбинирани со вистински парчиња, белите кошули ќе изгледаат тренди и модерно во секое време и во најразлични пригоди – како за на работа, така и за некоја забава или свеченост. Еве како тоа го прават познатите девојки.
Соланж во разиграни бои и бела кошула
Миранда Кер во елегантна комбинација
Џи Ох
Мајкл Корс
Миранда Кер – бела кошула во комбинација со тесни црни фармерки
Ешли Олсен – бела кошула, кожени хеланки и високи потпетици …
Оливија Палермо во бела кошула со интересен крој
Ева Лонгорија во класична бела кошула, панталони во корална боја и сандали
Ким Кардашијан како снежна кралица …
И кралицата на белите кошули за оваа есен, Викторија Бекам, во уште една супер шик комбинација.
топ 10 бели кошули од ZARA » |
Доколку сакате да видите како се движат цените на белите кошули во продавниците од кои најчесто купуваме, ви предлагаме најпрво да ја разгледате галерија со најубавите модели од Zara, а потоа да ги видите и најубавите есенски кошули од Манго, Бершка и Страдивариус (види тука), како и текстот:
Кошули без кои НЕ треба да ја поминете оваа есен зима »