Откријте ја тајната на совршениот изглед на моделот кој преку ноќ ги освои светските модни писти
Без разлика дали сте фан на славното семејство Кардашијанци, мораме да бидеме искрени и да признаеме дека младата сестра на Ким Кардашијан – Кендал Џенер оваа година дефинитивно ги освои најпознатите светски модни писти и преку ноќ стана еден од најбараните модели!
Откако без проблем ги покори Њујорк, Лондон и Милано, младата девојка реши да ги освои и пистите во Париз, успевајќи да и ја одземе круната на ѕвезда на ревијата на „Балман“ на многу поискусната манекенка – убавата и многу популарна Роузи Хантингтон Вајтли.
Фамозната 18 годишна убавица, која преку ноќ стана едно од најбараните лица во модната индустрија, и која сите добро ја познаваат од нејзината улога во шоуто „Во чекор со Кардашијанците“, во разговор за E!News откри како ја одржува својата витка и фит линија. „Денот секогаш го започнувам со некој чај за детоксикација, а во текот на еден ден секогаш пијам најмалку 13 шолји чај! Кога при раце немам ’Kusmi Detox“, од лимон и зелен чај, тогаш правам цеден сок од јаболки“, вели Кендал.
Младата Кендал многу добро знае дека доколку сака да остане на самиот врв и да им биде омилен модел на врвните дизајнери треба многу да внимава на својата линија, па така таа внимава на исхраната и јаде многу овошје и зеленчук, како и доста протеини.
Што се однесува до физичките активности, таа не е голем вљубеник во вежбањето и единствено го сака трчањето. Па така, доколку ги изземеме исхраната и трчањето, Кендал се колне само во едно работа кога е нејзината убавина во прашање, а тоа е:
„Верувајте ми кога ви велам дека за мојот изглед најмногу е виновен добриот сон. Се обидувам секогаш да спијам седум – осум часа“, вели Кендал!
Извор: Story.rs