Реклама
Фитнес

Бои кои се must-have за вашиот есенски маникир

Реклама

Како се ближи новата сезона, така се повеќе се појавува потребата да ги промениме летните лакови во светли бои со некои други нијанси.

Враќањето во канцеларија или на факултет бара некои поинакви трендови од оние кои што ги носевме преку летниот период, па затоа крајно време е жолтата, розовата, портокаловата и зелената боја да ги замениме со беж и класична темноцрвена боја, како и со откачени лакови со тренди ефекти.

Маркетинг

Беж е шик!

Маркетинг

Пред неколку години „nude“ лаковите беа во тренд благодарејќи му на трендот на францускиот маникир, но потоа беа малку подзаборавени, освен од оние жени кои ја обожаваат оваа нијанса. Но, сега nude нијансите се враќаат на голема врата, а ќе ги носат сите што се големи љубителки на лаковите.

Оваа нијанса можевме да ја видиме на ревиите на Helmut Lang, Narsic Rodriguez, Diane von Furstenberg, Caroline Herrere додека Kate Spade ги комбинираше со стилето нокти. Инаку, при шопинг на овие лакови за нокти треба да имате на ум дека сите нијанси не се исти, иако тие изгледаат идентично на прв поглед. Боите со розoви тонови стојат на жени со студен подтон на кожата, додека нијансите на праска им ласкаат на жените со потопол тен. Овие лакови често се проѕирни, па доколки е потребно, под нив ставете слој креч со бел лак, но само доколку сакате да ја истакнете бојата.

Вампирски тренд

Откако Шанел ја лансираше познатата „Rouge Noir“ нијанса, а посебно откако Ума Турман ја носеше во филмот „Пеколен шунд“, темноцрвениот лак стана еден од основните лакови кои морате да го имате. Тој истовремено е секси и класичен, а оваа сезона повеќе кокетира со посмелите тонови отколку со пурпурните.

Што се однесува до ревиите, оваа боја можеше да се забележи кај  Yigal Azrouel, Rebecca Minkoff, Costello Tagliapietra и многу други. Оваа боја лесно се комбинира и одговара на сите, а кога се нанесува треба да се внимава да биде прецизно и рамномерно нанесена, бидејќи потемните лакови не дозволуваат грешки.

Некои нови нијанси

Времето кога лаковите се делеа на оние со светки и без е далеку зад нас. Но, во меѓувреме можеме да уживаме во „jelly“ текстурите, лаковите во силни, неонски бои кои светат во темно, а во последно време многу популарни се и лаковите кои оставаат ефект со боја на кожа, шмиргла, песок, кадифе …

Што се однесува до дизајнерите, овие лакови можевме да ги видиме кај Vera Wang, DKNY, Naeem Khan, Badgley Mischka и др. Тие додаваат доза на гламур и на најобичните дневни комбинации, а нивниот сјај (или пак, недостатокот на истиот!) секогаш привлекува внимание.

Одберете богати нијанси како сребрена, златна, бронзена или петролеј сина боја како би ја заокружиле вашата есенска комбинација.

Хеви Метал

Металик нијансите секогаш се добредојдени кога се забавите во прашање и да бидеме искрени – сите сакаме да изгледаме кул. Што се однесува до модните ревии, овие нијанси беа видени во колекциите на Badgley Mischka и Libertine кога Кејти Џејн ги креираше нејзините омбре нокти.

Нијансите на 70-те

Ако минатата година трендовите беа иснпирирани од 60-те, оваа година тоа се 70-те. Во тренд е палетата на бои во стилот на 70-те. Виолетови нијанси, темна портокалова, земјени нијанси со малце циклама – како што водовме кај „House od Holand“ и нивниот Nail Art во два тона.                             

NAIL ART во два тона

Доколку сакате да експерементирате со Nail Art оваа сезона, тогаш направете го тоа во два тона. Кејти од Libertine сака да користи Butter London Ombré Brush и го сподели нејзинито совет за ваквиот изглед: „јас ги бојам моите нокти со сива нијанса и потоа користам металик нијанса за рабовите. Вака добивате многу кул и уникатен изглед.“

Повеќе фотографии oд лаковите погледнете во галеријата.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button