Многу ретко се случува Ким Кардашијан да ја видиме нестокмена, осбено НЕ во последниот период кога е во зенитот на својата слава.
Но, и покрај тоа што таа е една од најпознатите девојки во светот, многумина и замеруваат за се и сешто, освен за едно нешто, за кое што верувам дека сите ќе се согласат, а тоа е дека нејзината коса секогаш е бујна и средена. Еве како таа го постигнува сето тоа и со кое темпо ги менува фризурите за секогаш да изгледа кул и со средена коса. Но, да почнеме по ред.
I ден Миење и фенирање
„Првиот ден секогаш го започнувам со класично фенирање на косата“, објаснува Ким.
II ден – текстура
„Вториот ден во косата додавам сув шампон за да добијам волумен“ советиува таа.
III ден пеглање
„Третиот ден ја пеглам косата, а поради шампонот, таа се уште не ми е мрсна. Понекогаш ја чешлам наназад“, додава оваа ПРЕКРАСНА девојка.
IV ден залижување
„Додавам масло и со него правам залижан изглед. Најчесто косата ја врзувам во коњско опавче или пунџа. Тоа е мојот план за коса, а петиот ден се почнувам од почеток.“