Кинески рецепт за здравје и благосостојба на целиот организам
Пијалакот треба да се пие три месеци, а само што ќе почнете да го пиете здравјето значително ќе ви се подобри.
Се подготвува од намирници кои се лесно достапни и не се скапи, така што секој може да си го дозволи.
Овој пијалок ги отстранува лошите клетки во организмот и го забавува нивниот раст. За негова подготовка ќе ви бидат потребни половина поголемо или едно помало цвекло, два моркова и едно јаболко.
Исечете го цвеклото, јаболката и морковите на парчиња. Ставете го цвеклото во соковник и исцедете го. Оставете го да отстои еден час во стаклена чаша во фрижидер. Потоа додадете му го исцедениот сок од морковите и јаболката. Консумирајте 30-40 минути пред појадокот.
Многу е важно да не ги мешате сите состојки одеднаш. Следете го рецептот без ништо да менувате. Прво исцедете го цвеклото и оставете го да отстои во фрижидерот во отворен стаклен сад. На овој начин се отстрануваат некои штетни супстанци на цвеклото, кои можат да предизвикаат мачнина, повраќање, вртоглавица. Кога овие супстанци доаѓаат во судир со кислородот од воздухот ги губат својствата и не предизвикуваат никакви нуспојави.
Овој напиток се покажал како многу ефикасен кај следниве здравствени проблеми:
– превенција на развојот на малигни клетки
– спречува заболувања на јетрата, бубрезите, панкреасот, и помага во лекувањето на чиреви.
– го зајакнува имунитетот, ги отстранува штетните материи од телото и ја подобрува работата на цревата.
– го отстранува лошиот здив од устата.
– ги намалува менструалните болки.
– го зголемува нивото на еритроцити во крвта и го намалува холестеролот.
– го снижува притисокот и ја нормализира работата на крвните садови.
– делува поволно кај хипотиреоза (намалена функција на тироидната жлезда), предизвикана од недостаток на јод во организмот.
– го подобрува тенот и подмладува, кожата станува чиста и блескава.
– многу е ефикасен за губење на вишокот килограми.
Контраиндикации: уролитијаза, дијабетес, дијареја, болести на гастроинтестиналниот тракт.
Извор: uspesnazena.com