Што предвидуваат ѕвездите за вашата врска: Кои хороскопски знаци се верни, а кои брзо ги оставаат саканите
Близнаците, Вагите и Водолиите се познати по тоа што имаат склоност да менуваат партнери, а најверни хороскопски знаци се Рак, Шкорпија и Риби.
Огнените знаци Овен, Лав и Стрелец се склони кон длабоки чувства, но не и кон врски на долги патеки. Секако, ова е според влијанието на планетите и елементите врз хороскопските знаци. Дали навистина е така во вистинскиот живот, проценете сами!
ОВЕН
Брзо и силно се вљубуваат, рано се обврзуваат и посветуваат на саканите, но потоа почнуваат да се оддалечуваат. Најчесто има еден период во кој размислуваат и ги преиспитуваат своите чувства, но обично потоа типичниот Овен заминува.
БИК
И мажите и жените родени во знакот на Бик се познати по тоа што се верни и посветени на своите партнери. Кога ќе се заљубат се врзуваат за цел живот. Но, ако сексуалниот живот стане монотон ќе почнат да се прашуваат дали врската има смисла. Најверојатно во таков случај ќе изневерат, но никогаш нема да признаат ниту пак ќе го остават партнерот/ партнерката поради тоа.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците обично се многу посветени и верни и никогаш не ги оставаат партнерите, но затоа пак им ги тренираат нервите до крајни граници. Близнаците најмногу ќе ги заинтересирате и врзете ако ги правите љубоморни.
РАК
Раковите сакаат да се поврзат и врзат за една личност. Не сакаат игри и надмудрувања во врските. Но, можат да бидат многу љубоморни, многу да бараат и очекуваат и да бидат несигурни. Кога ќе се венчаат тие остануваат во брак засекогаш.
ЛАВ
Лавовите се познати по тоа што се прилично внимателни. Кога ќе се заљубат посветени се и предани во врската, но само на година-две.
ДЕВИЦА
Девиците се тврдоглави и практични и преферираат кратко додворување со малку секс. Нивните врски ќе траат се додека чувствуваат дека во врската или бракот постои материјално богатство и сигурност и доза на почитување.
ВАГА
Вагите се многу верни и посветени. Тие сакаат долги врски, а партнерите ги чувствуваат како пријатели. Но, можат да бидат нестабилни, бргу да го менуваат мислењето, еднаш да бидат страствени, друг пат ладни. Врската со Вагата ќе трае се додека е задоволна од случувањата во креветот и додека и посветувате многу внимание.
ШКОРПИЈА
Шкорпијата е најприврзаниот знак од Зодијакот. Нивните партнери често мораат да се соочуваат и справуваат со соперниците, што создава непријатности и несигурност, така што врската може да се распадне по една година.
СТРЕЛЕЦ
Стрелците се прилично неодлучни и имаат проблем да се поврзат со една личност. Ако сакате врската со Стрелец да ви трае со години, морате да ги поддржувате во она што го сакаат и да им дадете доволно слобода.
ЈАРЕЦ
Јарците се традиционални и сакаат традиционални врски и венчавки. Тие очекуваат апсолутна верност и долго остануваат со партнерите. Јарците се поврзуваат и остануваат во долги врски и поради сексуалниот живот и поради децата. Ако ги изневерите ќе ве остават без размислување.
ВОДОЛИЈА
Водолиите се немирни и имаат потешкотии да останат долго време со една личност. Тие претпочитаат разновидност за животот да им биде интересен. Можат навистина да се фасцинираат од некоја личност, но брзо губат интерес. Најдобриот начин да ги задржите Водолиите е со тоа што ќе го предизвикате и заинтригирате нивниот интелект.
РИБИ
Рибите се меѓу најверните знаци на Зодијакот. Кога бараат партнер, го бараат за цел живот. Сепак, тие знаат и да го изневерат партнерот, но никогаш нема да му признаат.