Пријавете се на обука за NAIL ART и Основен курс за Гел метода кои што ги организира MAGNETIC NAIL ACADEMY во Скопје и Битола.
MAGNETIC NAIL ACADEMY
Доколку сакате да бидете во тек со најновите модни трендови пријавете се на обуката и курсот што ќе ги одржат професионалните едукатори на Magnetic Nail Academy паралелно и во Скопје и Битола. Курсевите ги препорачуваме за сите кои сакаат да започнат кариера како Техничари на нокти или веќе започнале со работа, но не се сигурни во своето знаење и практична работа.
Што добивате:
Со посетата на нашите курсеви добивате професионална обука, теоретско знаење и практично искуство од професионални едукатори за нокти. Добивате сертификат за учество на основен курс. Сите производи за работа се обезбедени за времетраењето на курсот. Обуката се изведува на вештачка рака.
Добивате 10% попуст на производите на МАГНЕТИК.
ОСНОВЕН KУРС ЗА ГЕЛ МЕТОДА
Основниoт курс за гел метода е составен од два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел е опфатено: Анатомија на нокти, болести на нокти, работни материјали и одржување на хигиена, карактеристики на производите за надградба на нокти.
Со практичната работа е опфатено: Мал и голем маникир, припрема на природен нокт и лепење на гипс, нанесување на гел и гелирање на природен нокт, лиење на шаблони и техника на турпирање, корекција и репарација на скршен нокт, продолжување на ноктна плоча, изработка на модел и практична работа на модел.
Времетраење на курсот – вкупно 40 часа (односно 10 дена х 4 часа), од 06 до 17 октомври и ќе се одржува истовремено во Скопје и Битола. Краен рок на пријавување два дена пред одржување на курсот.
ОБУKА ЗА NAIL ART
Oбуката за NAIL ART ќе се одвива во два нивоа. Во првото ниво е опфатено: изработка на основа на нокт со сунѓерче и сенчање, исцртување на основни линии – тенки и дебели, како и користење на лепенки, циркони, трансфер фолии и комбинации од нив. Во второто ниво ќе се запознаете со основните декорации на нокти со акрлини бои како и со апстрактни декорации на нокти со акрилни бои.
Датум на реализација (NAIL ART) –
од 2 до 3 октомври 2014 (Скопје и Битола )
ПРИЈАВУВАЊЕ И ИНФОРМАЦИИ
02 31 30 008 (СKОПЈЕ) и
047 234 001 (БИТОЛА)
Пријавувањето е во тек!
Повеќе за курсевите на MAGNETIC – NAIL ACADEMY
прочитајте тука »