Нега и здравје

Помогнете му на вашето бебе побрзо да учи и да се развива во првата година од животот

Advertisement

Прв месец: Поминувајте што е можно повеќе време со вашето бебе и обидувајте се што почесто да го гледате од блиску., затоа што бебето најдобро гледа кога предметите се оддалечени 20-40 цм од неговите очи.

Advertisement

Како што ќе му се развиваат очите и видот тоа ќе сака да се фокусира на лица. Според тоа, приближете го своето лице до бебето и зборувајте му. Тоа ќе му биде многу интересно.

2 месеци: Помогнете му на бебето подобро да ги развива движењата на рацете и видот со заедничко плескање на рацете и пеење на песнички. Со текот на времето тоа ќе почне да се труди да го имитира вашиот глас и вашите движења така развивајќи ја координацијата око-рака и говорот. Подоцна бебето ќе почне да се обидува да ги имитира вашите изрази на лицето.

3 месеци: Бебето ќе почне да си игра со рацете. Поттикнете ја координацијата око-рака со тоа штоп ќе држите шарени тропалки и играчки над бебето, кое ќе се обидува да ги фати и да си игра со нив. Во овој период исто така многу интересни ќе му бидат и детските огледалца, бидејќи ќе може да го види својот одраз во нив, што ќе ја поттикнува да ја крене главата за да се види.

Advertisement

4 месеци: Социјалните, моторните и говорните вештини сега се во подем. Бебето ги покажува своите емоции со среќно и возбудено брборење, на пример ако види интересна играчка, или незадоволство со викање и плачење, на пример ако му ја одземете играчката. Бебињата почнуваат да се скокоткаат во овој период, почнувајќи некаде околу 14 недела.

5 месеци: Ушите и очите на бебето почнуваат да функционираат како кај возрасните. Повторувајте зборови за да го поттикнете бебето да ве имитира. Почнете да му читате, истакнувајќи ги предметите така што гласно ќе изговарате како се викаат.

6 месеци: Наскоро бебето ќе почне да седи и да се движи наоколу. Поттикнете го да се движи со тоа што ќе го оставите да лежи на стомак. Потоа ставете играчка пред него и поместувајте ја нанапред, за тоа да се обиде да ја фати. Во овој период бебињата сакаат се да ставаат во уста и да истражуваат, па затоа давајте му поголеми играчки за да не може да ги проголта.

7 месеци: Вештините на бебето и понатаму се развиваат, фатот со прстите ќе се развие во следните шест месеци. Стимулирајте ги моторните вештини и координацијата на бебето така што ќе му подавате мали предмети, кои тоа ќе се обидува да ги фати. Постојано внимавајте сите предмети во опкружувањето на бебето да бидат безбедни за него.

8 месеци: Почнете да го стимулирате чувството за простор кај вашето бебе, како и говорот. Давајте му играчки кои се вклопуваат едно во друго, како тенџериња и лончиња. Почнувајте да го прашувате каде му е носот или окото, покажувајќи ги соодветните делови од лицето. Играјте ја оваа игра на именување на деловите на телото и учете го на значењето на зборовите.

9 месеци: Бебето се воодушевува на предмети кои имаат делови кои се вклопуваат, како на пример предмети со капачиња. Ќе отвора и затвора кутија со капак десетици пати и така ќе ја развива координацијата око-рака.

10 месеци: Бебето сака да пронаоѓа работи кои се скриени. Сокријте некој предмет под ќебенце или под кутија и потоа ставете ја раката на бебето на пр. врз кутијата и помогнете му да ја придвижи и да види што има под неа. Набргу ќе почне само да наоѓа и сокрива предмети без ваша помош и ќе ужива во таа игра.

11 месеци: Работете на развивање на јазичните вештини на бебето преку игри и песнички. Јазичните вештини се развиваат преку интеракција, така што разговарајте со вашето бебе што повеќе можете, кажувајте му што правите, поставувајте прашања, користете различни гестови и тонови за да му укажувате на разликите. Некои бебиња прозборуваат порано. Некои ползат со месеци пред да проодат, некои воопшто не ползат. Сите си имаат свое различно темпо на развој. Тоа не значи дека нешто не е во ред со нив. Затоа не го споредувајте вашето дете со другите, туку опуштете се и уживајте во вашите заеднички авантури.

Извор: planetazdravlja.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button