Рецепти

Освежителен пијалак – плус верзија за грешници!

Реклама
Реклама

Бидејќи времето е сеуште топло, а најверојатно и така ќе остане уште некое време, да споделиме неколку рецепти за освежителни пијалаци кои сигурно добро ќе ви дојдат.

Маркетинг

Овој пат, за разлика од претходно, ќе вклучиме и верзија за возрасни. Ви текнува што сакаме да кажеме, нели?

Потребни состојки

диња
краставица
нане
сок од лимета

Маркетинг

Исечете ги на коцки дињата и краставицата и заедно со нането убаво измешајте ги во блендер. Процедете и додадете сок од лимета и краставица исечена на кругови. Оставете да се лади триесетина минути. Сипајте во чаши, ставете коцки мраз и додадете една или две кришки лимета.

Верзија за возрасни: Во вака подготвениот коктел од диња и краставица додадете џин, вотка или некој друг алкохолен пијалак по избор за екстра вкус. Чувајте го овој освежителен пијалак подалеку од децата, а секако и подалеку од вас, доколку се уште не сте завршиле со обврските, секако!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button