Диети

Диета со портокали – за 4 дена и до 5 килограми помалку!

Реклама
Реклама

Диетата со портокали е брза и ефикасна диета која ќе ви помогне за кратко време да се вратите во форма, посебно по празници или периоди во кој малку (повеќе) сте се опуштиле.

Диетата е осмислена од страна на д-р Дожан Бенсон, нутриционистка, која вели дека сочното јужно овошје, како портокалите и мандарините, освежува и го топи наталоженото сало на стомакот, задникот и колковите. Имено, овошните киселини, ензимите и витамините од јужното овошје ја поттикнуваат размената на материите и го забрзуваат разградувањето на мастите од ткивото и спречуваат создавање на нови масни наслаги. Исто така, оваа диета вклучува и зголемен внес на витамин Ц кој го забрзува топењето на масните наслаги, така што е идеална за сите што сакаат брзо да ослабат. Со помош на овој четиридневен план за исхрана брзо ќе се ослободите од вишокот на килограми, ќе ја зголемите енергијата и ќе ја вратите самодовербата.
 

Маркетинг

План за исхрана

Маркетинг

 Ден 1 
Појадок: мусли со портокал. Исечкајте три суви сливи, претходно потопени во сок од портокал, и измешајте ги со еден исечкан портокал, една изрендана јаболка, три лажици житни снегулки и 100 милилитри јогурт со ниска масленост. Посипете со маточина и сусам.
Ручек: динстано пилешко. Земете два помали батаци и посипете ги со сол, црн бибер и црвен пипер, и испечете ги на тефлон. Додајте пола главица исечкан кромид, 3 листа жалфија, прелијте со 60 милилитри супа и варете на тивок оган 5 минути. Ручекот јадете го без леб, а пред ручек изедете еден портокал.
Ужина: сок од портокал
Вечера: сендвич со свежо сирење. Премачкајте едно парче ржан леб со лажичка свежо сирење и преку него наредете 6 резниња портокал. Со тоа испијте и една чаша млеко или јогурт.
 
 Ден 2 
Појадок: мусли со цитруси. Исечкајте еден портокал и еден цитрон на мали парчиња и измешајте ги со лажица исечкани бадеми, лажица ореви и 150 милилитри јогурт.
Ручек: печено пилешко филе. Испечете 150 гр. пилешко филе на тефлон и јадете го со салата од 100 гр. изрендани моркови и 150 гр. исечкана зелка, зачинети со 2 лажици маслиново масло и сок од половина лимон.
Ужина: чај. Сварете 200 мл. овошен чај, почекајте да се олади па додадете му 50 мл. свеж сок од портокал. Ако сте многу гладни, изедете еден двопек или два крекери.
Вечера: необично тирамису. Натопете две парчиња двопек со три лажици еспресо кафе и сок од еден портокал. Премачкајте ги со крем направен од 120 грама урда или младо сирење и лажица мед, па посипете со фастаци.

 Ден 3 
Појадок: овошна салата. Измешајте банана, киви, круша, 50 гр. суво грозје, исечкан портокал и сок од еден лимон. Прелијте ја салатата со прелив од 75 милилитри јогурт со ниска масленост и лажичка мед.
Ручек: благо-кисел ориз. Обарете 50 гр. ориз. На загреано масло ставете исечена лута пиперка и соја сос, лажичка кечап, лажичка вински оцет, малку сок од портокал и малку шеќер. Прелијте со три лажици супа и варете постојано мешајќи додека шеќерот не се стопи. Додадете половина главица кромид и четврт морков, малку нека се повари, па додадете 80 гр. бело месо. Варете додека месото не омекне, а потоа јадете го во комбинација со половина шолја обарен интегрален ориз. Пред ручекот изедете еден среден портокал.
Ужина: свежо исцеден сок од портокал.
Вечера: пециво со сирење. Намачкајте интегрално пециво со урда или младо сирење и покријте го со резниња портокал. Напијте се и чај без шеќер.
 
 Ден 4 
Појадок: овошје со афионско семе. Сварете лажичка афионско семе со две лажички сок од портокал, оставете да отстои десетина минути, па измешајте со 120 гр. урда. Додајте 25 гр. суво грозје, ситно исечкан портокал, круша и јаболко, па прелијте со мешавина од сок од лимон и ванилин шеќер.
Ручек: пикантен ослич. Ставете сол и бибер на филе ослич, па испечете го на малку маслиново масло. Направете сос така што ќе пропржите 50 гр. праз, ќе додадете 3 лажици супа, сок од еден портокал, лажичка мед, малку лут сенф, сол и бибер и ќе оставите да проврие. Сервирајте го осличот со ориз и прелијте ги со сосот.
Ужина: освежителен овошен микс. Ставете во блендер 40 гр. банана и ананас, 100 мл. сок од портокал и изладен овошен чај и убаво изблендирајте.
Вечера: салата од ориз. Обарете 50 гр. ориз и измешајте го со 30 мл. сок од портокал и 50 гр. исечена банана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button