За нега на косата не мора да користите скапи препарати, понекогаш е доволно само да прошетате до кујната и да го решите проблемот!
Природен шампон од јајца
Сувата коса со оштетени краеви ќе ја обновите, освежите и омекнете со помош на шампон од јајца. Измешајте две жолчки, сок од еден лимон, една белка и една лажица маслиново масло. Со оваа смеса убаво измасирајте ја косата, оставете малку да отстои и убаво измијте ја.
Пиво за обликување на косата
Ако сакате да ја смирите и обликувате косата, не мора да користите гелови за коса кои можат да предизвикаат првут. Идеално решение е пивото кое делува како гел за коса а истовремено ја негува бидејќи содржи хранливи материи. Измијте ја косата со шампон како што вообичаено ја миете и потоа мократа коса прелијте ја со пиво кое не треба да го миете. Потоа обликувајте ја косата по желба.
Мед и оцет за волумен
Комбинацијата од мед и оцет ќе ја зајакне вашата коса и ќе и даде поголем волумен. Ставете една голема лажица мед и една голема лажица оцет во половина чаша млака, убаво промешајте да се растопи медот и ставете ја течноста во шише со распрскувач. Измијте ја косата, избришете ја убаво, испрскајте ја со течноста и измасирајте ја косата за поубаво да се впие. Косата потоа не треба да се мие, само исфенирајте ја или обликувајте ја по желба.
Лековити билки, етерични масла и оцет против опаѓање на косата
Оваа комбинација од лековити билки, масла и јаболков оцет ја зајакнува косата и го стимулира нејзиниот раст. Се препорачува да почне да се користи веднаш штом ќе забележите засилено опаѓање на косата. Измешајте по две мали лажички рузмарин, босилек, жалфија и нане, три капки етерично масло од нане, пет капки масло од лаванда и 500 мл. јаболков оцет. Оставете ја добиената смеса две недели на собна температура, а потоа процедете ја. Добиената количина е доволна за петнаесет третмани. Ставете две лажици од течноста во чаша вода и нанесете ја на косата. Повторувајте ја процедурата еднаш неделно додека не ја потрошите целата течност.