Оваа сезона не е во тренд да ги покажете нозете, туку да го откриете вашиот стомак.
Да, за овој тренд веќе пишувавме, а тоа можете да го видите и во најновито издание на бесплатниот дигитален Шопинг Магазин, каде покрај советите како се носи овој тренд ќе најдете и неколку шик кратки топови со потписот на македонските дизајнери.
Инаку, уште од почетокот на годината почнаа срамежливо да се носат здолништа со висок струк и кратки топови, а во текот на летото овие комбинации станаа „must-have“. Покрај модните блогерки, ни бројните ѕвезди не му одолеа на трендот. Па така преку ноќ кратките топови станаа задолжителен дел од црвените килими, но и за лудите излегувања на бројни познати светски (па и наши) ѕвезди.
Ријана и Милеј Сајрус сакаат да го истакнуваат своите стомачни мускули, додека Бијонсе сaка да се пофали со тенката половина која дополнително ги истакнува нејзините раскошни облини. Погледнете!
види повеќе » |