На кафе муабет со Мартин Спасовски: На пазарот се појавуваат цени кои ја убиваат креативноста!
Прочитајте го интервјуто со Мартин Спасовски, фотографот кој го обожава жанрот филм ноар и златните години на сребрениот екран, како и косплејот и гламурот на 40-тите и 50-тите…
Од кога почна да се занимаваш со фотографија и што те привлече во тие води ?
Уште од кога знам за себе од секогаш сум ја сакал фотографијата. Фотографијата замрзнува дел од времето, овековечува, креира траен запис, овозможува исказ преку светло..
Како мал секој ден после школо одев кај еден мој пријател кој беше фотограф во Гратскиот Трговски доле во подрум. Деновите ги минував затворен со него во темна соба развивајки филмови и фотографии. Почетоците ми беа такви, во времето на аналогниот формат на среден и голем формат, особено црно белата фотографија и уметничката фотографија. Како тинејџер немав многу контакт со фотографија.. повеке имав контакт со сликање на платно.. во раните 20ти години почнав пак да се интересирам за фотографијата и од таму пак се вжешти старата љубов..
Од каде црпиш идеи за твоите фотографии?
Буквално од сегде.. од целото мое опкружување. Некогаш идеите доаѓаат брзо и еклектично, некогаш ги нема па се впуштам во работата со експериментирање.. секако тоа не значи дека сесиите нема да се успешни, напротив ми претставува предизвик да ги добивам идеите како што работам, мислам дека така има поголема флуидност и поголема креација. Скоро секогаш одам со некоја основна идеа за одреден стил и изглед а понатаму се креира додека се фотографира… а како еден вид основа за добра фотографија ми е филм ноар и златните години на „сребрениот екран“, 40те – 50те, гламурот.. детаљите кој тој гламур ги носи со себе..
Имаш одлична соработка со нашата најубава и најуникатна македонка Мартина Димоска, може ли да ни раскажеш за вашите проекти?
Соработката со Мартина почна многу спонтано, Мартина ја запознав на фејсбук, набрзо сватив дека е униката, модел кој тотално се впушта во секој проект, дава се од себе за сесијата..
Првиот проект кој го сработивме беше косплеј за Џесика Ребит. Случајно видов дека има таков фустан и одма ја поканив на фото сесија со мене. Одсекогаш сум сакал да имам таква фотосесија во портфолио, мислам дека работевме некој си 6-7 часа без престан, воопшто не се чуствував уморен благодарение на Мартина. Мартина е еден од најпрофесионалните модели со кој сум работел. Лично ми претставува огромно задоволство секој проект кој се работи со Мартина..
Вториот проект беше за Глитер Перадајс француски бренд кој е во доменот на готик и винтиџ акцесоари и накит. Мартина неодамна стана и заштитно лице за ГП за Македонија па ГП ни побараа фотографии од накит кој ни го испратија за да го носи Мартина.
Ти си еден од првите фотографи во Македонија кој слика косплеј, кои се твоите впечатоци од тој драг новитет?
Секој кој мисли дека косплејот е лесен греши. Косплејот е гранка која е многу опширна и мора да се запазат многу детаљи за да биде оригинален како што нели доликува. Врз сето тоа треба да се сплицира и стилот на моделот и стилот на фотографот. Впрочем косплејот е многу захтевна фотографија. Од организирање на автентични костими до бирање на прав модел, локација, светло.. Замислете го косплејот како рекреирање на одредени сцени од некој филм или сторија.. треба да е автентичен и препознатлив но мора да го има и вашиот „шмек“..
Која е твојата дефиниција за перфекција?
Тешко прашање но ке се обидам да одговорам накратко.. перфекцијата за мене може да е нешто многу комплексно во еден момент а во друг нешто кое е многу просто и отворено. Никој не е перфектен, тоа што е интересно е што сите наши мали грешки и имперфекции се всушност она што не прави интересни и тоа што сме ние. Доколку се би било перфектно нема зошто да се трудиме да напредуваме. За мене перфекцијата е само цел кон која се стремам да ја постигнам.. мислам дека тоа е една од главните движечки сили особено за фотографијата..
Колку време и труд вложуваш во твоите дела?
Многу време, спремен сум да одам во крајности само да го добијам квалитетот и она што го сакам и го имам замислено. Впрочем фотографијата така се креира, без разлика дали станува за гламур, модна или продуктна фотографија… Визуелната комуникација бара време и труд..
На кој фотографи се угледуваш и дали имаш соработка со некој од нив?
Solve Sundsbo, Jarmo Pohjaniemi, Arny Freytag, Richard Avedon.
Соработка во врска со критика на портфолио имам со неколку фотографи домашни и со Don Giannti и Michael Bernard
Освен со фотографија со што друго се занимаваш? Имаш ли хоби?
Хобиња премногу но време премалку, работата си го наплаќа своето во време, како едно главно хоби можам да го издвојам спортското рибарење кое ми прилега многу особено после стресни ситуации во работата и фотографијата.
Дали мислиш дека го гледаш светот поинаку од другите?
Интересно прашање и морам да одговорам дека секој кој се занимава со фотографија дали било на некој си повисок аматерски план или професионален го гледа светот поинаку. Сенки и светло, колор и композиција, израз и детаљи.. ти влегува под кожа и не те пушта..
Сметаш ли дека на нашите простори може да се егзистира од оваа професија?
Ретко.. пазарот секојдневно тоне.. се појавуваат некој цени кој го убиваат и пазарот и креативата, а да не зборам колку се ниски тие цени па повеќето кој имаат квалитет бараат работа надвор од државата. Затоа голем дел од работата која ја работам се однесува на странски клиенти, кој ја ценат професионалноста и квалитетот.
На каков проект моментално работиш?
Моментално работам на продуктна фотографија за една фирма од Франција која произведува високо технолошка биометрија. И во преговори сум со неколку модели за тековни проекти.
Како изгледа еден твој работен ден?
Секој ден сам за себе, некои денови се тешки некои лесни но нема досаден и не забавен ден. Обично станувам околу 10 часот а легнувам околу 2 часот изутрина. Примарната работа ми е апликациски дизајнер и програмер во својата фирма 1цм која веке опстојува 9та година. Поголемиот дел од денот ми е поврзан со развиток на апликации и вебсајтови за клиенти.. но секогаш оставам време и за фотографијата. Сепак фотографијата е онаа што би рекол ме одмара во одредени моменти.
Знаеме дека твоите фотографии се имаат изложувано низ цела Европа на која твоја фотографија си досега најгорд и каде се стигнале твоите фотки?
Календар и постери за мојата мајка која е фризер повеќе од 35 години, од 50.000 објавени проекти за 2013 на MUA SERVED во први 25 во светот одбрани од 25 уредници на модни списанија на 6-то место пред календар на Пирели.
Што правиш во твоето слободно време?
Си играм и се милувам со мојата миленчка, лабрадорката Берта која премногу ја сакам..