Во последниве неколку месеци неодоливите мали црни фустани се во втор план, а во фокусот е малиот тексасен фустан.
Со доаѓањето на летото и високите температури нашите омилени фармерки ги носиме се помалку, но тексасот како материјал дефинитивно не го заборавивме на дното од плакарот. Особено откако дизајнерите не израдуваа со преубавите мали тексасни фустани кои дефинитивно се ИН за оваа сезона.
Доколку ги комбинираме со сандали или платнени патики, добиваме лежарен и секојдневен изглед, но доколку ги носиме со балетанки или елегантни високи потпетици – можеме слободно да тргнеме во освојување…
И не забравајте – малите тексасни фустани се идеален избор за долгите спарни ноќи, особено за овој период од годината – кога летото наместо да се пакува, ќе остане сигурно повеќе од вообичаеното.
види повеќе » |