Во октомври оваа година во ексклузивните продавниците низ светските метрополи треба да се појават новите високи потпетици со потписот на Кристијан Лобутин кои се инспирирани од преубавата актерка Анџелина Џоли.
Christian Louboutin Malangeli
Станува збор за модел кој оваа пролет го носеше Анџелина на црвениот килим на промоцијата на филмот „Maleficent“. Тие специјално за неа беа креирани од страна на легендарниот дизајнер, па затоа воопшто не треба да не чуди зошто сите очи беа вперени во неа за време на промоцитаја, т.е. поточно во нејзините нозе!
По ова односите меѓу Џоли и Лобутин добија нова епизода. Легендарниот дизајнер кој многумина го сметаат за „крал на чевлите“ на Инстарам претходната недела откри дека ги здружил силите со Анџелина како би го создале „Melangeli“ – волшебните високи потпетици кои се инспирирани од нејзината улога во филмот на Дизни.
„Возбудливо е да се соработува со некој кој е толку посебен и има толку силна естетика. Големо задоволство е да се работи со Анџелина за Анџелина“, изјави Лобутин.
Инаку, високите потпетици ќе бидат достапни во црвена и црна варијана, а ќе можат да се нарачаат од 20 октомври во ексклузивните продавници на Кристијан Лобутин во Њујорк, Холивуд, Лондон, Париз и Хонг Конг.
Интересно е тоа што сета добивка од продажбата на моделот ќе оди како SOS за детските села. Браво за оваа двојка!