Диети

Карл Лагерфелд: Секоја трета девојка има вишок килограми

Advertisement

Да, некои луѓе постојано ми кажуваат дека сум премногу слаб, но интгересно е што тоа ми го кажуваат само оние кои би требало да изгубат неколку килограми“ е една од познатите реченици на култниот дизајнер Карл Лагерфелд.

Advertisement

Темите поврзани со вишокот килограми и физичкиот изглед во последно време се мошне активни во светот на модата. Брендовите како да почнаа да се тркаат кој ќе лансира поинтересна и повпечатлива „плус-сајз“ линија, додека полните жени порачуваат дека се секси и дека повеќе не сакаат да се кријат, а некои дури 2014 година почнаа да ја прогласуваат за година на облините.

Но, не треба многу да бидете воодушевени од сето ова, бидејќи целата фама е вештачки продуцирана од страна на медиумите кои во своите расправи за килограмите и плус-сајз моделите намирисаа милионски кликови. Да, читаноста е главен виновник за тоа што во медиумите се расправа за оваа тема, додека модната индустрија и понатаму ги сака послабите девојки. Токму и затоа актерката Мелиса МекКартни ги шокираше сите кога изјави дека не можела да најде дизајнер кој би и креирал фустан за Оскарите, па тоа ја поттикна да започне со своја сопствена „плус-сајз“ линија.

Advertisement

Но, кога станува збор за модната индустрија и пред се, за најголемите нејзни авторитети, секако дека многумина прво ќе се сетат на култниот Карл Лагерфелд. Тој е еден од највлијателните дизајнери во светот, но воедно е и без влакна на јазикот. На сите ни е добро познат скандалот на германмскиот дизајнер и креативниот шеф на Шанел со пејачката Адел, за која изјави дека е предебела, а потоа и се извини на оригинален начин кога и испрати цела колекција на скапоцени чанти од Шанел. Но тоа е само една капка во морето кога станува збор за Лагерфелд и оваа тема која секогаш е интересна и го качува тиражот на весниците. Во продолжение прочитајте ги најинтересните изјави на овој дизајнер кои се поврзани со килограмите, диетите и храната.

Таа има прекрасен глас  и преубаво лице, но сепак, малку е предебелча. Од друга страна пак, Лана Дел Реј е многу добра. Таа повеќе ми изгледа како пејачка на 21 век. Прекрасна е!, изјави еднаш германскито дизајнер за паришкиот Метро.

Да, неко луѓе ми кажуваат дека сум премногу слаб, но интересно е што тоа секогаш ми го кажуваат оние кои би требало да изгубат неколку килограми. Оние што се слаби – тие никогаш не ми зборуват така.“

Вкупно има помалку од 1 отсто анорексични девојки во светот, а во Гранција (ги немам  точните податоци за Англија) има повеќе од 30 отсто од девојки кои имаат многу-многу повеќе килограми отколку што треба да имаат. И тоа е многу поопасно, а сите знаеме и ни е јасно колку тоа е опасно и по здравјето.

„Никој не сака да гледа полни девојки на писта“, со оваа изјава Лагерфелд се замери со француското здружение „Убава, заокружена, секси и со тоа сум сосема Океј“ (Belle, Ronde, Sexy et Je M’assume), која што го тужеше.

„Сметам дека за моите коски е подобро да останам на овие 60 килограми.“

„Сега имам исто онолку килограми колку што имав кога бев 18 години.“

Кога ќе видам еден тон храна во студиото, на мене сето тоа ми изгледа како да е направена од пластика. Воопшто не можам да разберам како човечкото суштество може сето тоа да го стави во устата. Јас сум како животно во шума. Тие не го допираат тоа што не можат и не сакаат да го изедат.

Доколку премногу ве шокираа овие изјави на популарниот дизјнер, не возбудувајте се премногу, тој и самиот вели „Се што ќе кажам јас е шега. Па дури и јас сум шега.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button