Рецепти

Едноставни чоколадни колачиња без глутен

Advertisement

Денес ви претставуваме еден едноставен рецепт за чоколадни колачиња кои не содржат глутен и житарки и се одличен избор за луѓето кои избегнуваат или се алергични на глутен.

Advertisement

Останатите воопшто нема да забележат дека колачињата се направени на поинаков начин од вообичаено бидејќи имаат прекрасен богат вкус!

Состојки:

–    2 ¼ шолји ситно мелени бадеми, како брашно
–    ¼ шолја какао прав
–    2 лажици мелени зрна еспресо кафе
–    ½ лажичка прашок за пециво
–    ½ лажичка морска сол
–    ½ шолја масло од семе од грозје
–    ½ шолја агава нектар
–    1 лажичка екстракт од ванила
–    ¾ шолја парчиња чоколадо

Advertisement

Во соодветен поголем сад измешајте ги сувите состојки: бадемите, какаото во прав, прашокот за пециво и солта. Во посебен сад измешајте ги сите мокри состојки. Потоа соединете ги сувите и мокрите состојки и убаво измешајте ја смесата со рака или со жица, и на крајот додадете ги парчињата чоколада.

Потоа земајте со лажица и редете мали купчиња од смесата на тава обложена со мрсна хартија. Печете ги колачињата 7-8 минути во претходно загреана рерна на 170 Ц и оставете ги да се оладат.

Уживајте!

Извор: Elenas pantry

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button