Топчињата од суви сливи се многу вкусни и здрави и не содржат дополнителен шеќер. Посни се и се прават за 5 минути. Одлично, зарем не?
Состојки:
1 шолја исечкани ореви
1 шолја помеки суви сливи, без семки, исечкани
1 шолја кокосово брашно
¼ шолја какао во прав
¼ шолја сува брусница (или суво грозје)
Сувите сливи и оревите можете да ги исечкате во специјални апарати за сечење (доколку имате) или на рака со нож. Потоа додадете ја брусницата или сувото грозје и сите состојки убаво измешајте ги за да добиете смеса од која лесно ќе можете да формирате топчиња. Ако смесата е премногу сува, можете да додадете сосема малку вода за да ја добиете потребната густина. Со рацете земајте од смесата и формирајте топчиња кои потоа ќе ги валате во какаото и кокосовото брашно.
Можете да ги оставите да отстојат во фрижидер или да ги послужите веднаш!
Извор: Mymezzaluna