Диети

Симнете го вишокот килограми со помош на горка сол

Реклама
Реклама

Горката сол или магнезиум сулфат може да се набави во аптеките и има многу широка примена. Се користи во домаќинството, а можете да ја искористите и да симнете некој килограм.

Горката сол со векови се користи за одредени здравствени проблеми, а можете да ја искористите и за слабеење. Секако, консултирајте се со вашиот лекар претходно.

Маркетинг

Горката сол се користи во купки за релаксација, при што преку кожата се апсорбира во организмот и помага да се намали стресот, да се исчистат отровите од организмот и да се решат многу проблеми поврзани со кожата. Со детоксификацијата на организмот и исфрлањето на наталожените отрови се олеснува процесот на слабеење.

Маркетинг

Како да ја направите купката?

Пуштете ја водата за да ја полните кадата и ставете ја солта додека водата тече. Освен горката сол, можете да додадете и две лажици миризлива сол за капење. Во кадата треба да престојувате најмногу 25 минути во текот на кои треба да испиете една чаша ладна вода. Лесно и едноставно, а многу делотворно. Во тоа можете самите да се уверите.

Горката сол како лаксатив

Горката сол првенствено е позната кај народот како ефикасен лаксатив. Едноставно се меша малку сол со вода и се пие, што помага да се испразнат цревата и да се ослободите од проблемите со затворот. Ова исто така го помага и процесот на слабеење.

Иако горката сол е многу ефикасно средство како помош при слабеење, за детоксификација, за лечење на стресот и болките во коските и зглобовите, при нејзината употреба треба да се внимава. Купките со горка сол не се препорачуваат на трудници, на лица со покачен крвен притисок, болести на бубрезите или на срцето, на лица со дијабетес и на лица што страдаат од алергии, посебно од алергии на сулфур.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button