Модни совети

Едно макси здолниште, а пет различни начини како да го носиме

Advertisement

Макси здолништата се вбројуваат меѓу задолжителните парчиња облека што секоја девојка треба да ги има во својот плакар, особено кога станува збор за летната сезона.

Advertisement

Покрај тоа што се модерни, тие се и многу удобни за носење и лесно се комбинираат со останатата облека, а за тоа е свесна и харизматичната Крисел Лим која осмисли пет различни начини на кои можете да носите едно исто макси здолниште. Сé што ви е потребно е едно долго лежерно здолниште со појас и модерен каиш кој ќе држи сé на свое место.

Мини, а макси

Advertisement

За секси и модерен изглед направете здолниште кое што од предната страна е кратко, а од задната долго. Едноставно, вовлечете го предниот дел од здолништето во појасот, па пред огледалото подесете ја должината за сето тоа да изгледа убаво. Кога ќе бидете задоволни со должината, само стегнете со ремен.

Тесно здолниште

За да ги истакнете облините, носете модел кој што ја следи линијата на телото. Тоа можете лесно да го постигнете така што здолништето ќе го преклопите, а вишокот ќе го вовлечете во појасот. Секако, украсете го со модерен ремен.

Нерамномерна должина

Доколку сакате да добиете интересен облик со нерамномерна должина, вовлекувајте малку по малку од должината на здолништето во појасот, така што ќе добиете различна должина на секоја страна. Вака ќе добиете здолниште кое ќе изгледа како да има модерни, големи џебови од страните.

Секси шлиц

Доколку сакате секси шлиц, на пример како оној на Анџелина Џоли, тоа можете да го направите за секунда – фатете еден дел од здолништето и вовлекувајте го во појасот се додека не добиете шлиц со посакуваната должина.

Лелеав фустан

Секако дека макси здолништето може многу лесно да се претвори во модерен фустан без рамки, кој е идеален за на одмор. Повлечете го здолништето преку градите и истакнете ја половината со ремен или појас.

{youtube}MnN_4noRwvQ{/youtube}

Па, девојки доколку се уште не сте го избрале вашето омилено макси здолниште , тогаш ве советуваме да ја погледнете и нашата ексклузивна галерија со најубавите макси здолништа за ова лето.

отвори галерија »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button