Реклама
Нега и здравје

Ви ги откриваме тајните на египетската депилација

Реклама

За разлика од третманите со восок, шеќерната паста се лепи само за влакната, а не и за кожата, па третманот е многу помалку болен од третманот со восок.

Маркетинг

Египетската депилација е еден од најстарите методи за отстранување на несаканите влакна, а својата популарност повторно ја доживеа во последните неколку години откако ваквиот вид на депилација почна да се нуди како услуга во голем број на козметички салони.

Овој метод на депилација пред сé се препорачува за жените со чувствителна кожа бидејќи не предизвикува запаленија и иритации, односно делува антиалергиски. Методата е доволно сигурна да може да се применува дури и кај лицата кои имаат проблем со проширени вени, псоријаза и егземи.

Маркетинг

Шеќерната паста која се користи при депилацијата можете да ја направите и сами, иако ќе ви треба малку искуство за да ја постигнете вистинската густина на пастата, а можете и да ја купите готова, или пак депилацијата да ја направите во некој козметички салон.

За разлика од депилацијата со восок, шеќерната паста се лепи само за влакненцата, а не и за кожата, па третманот многу помалку боли од третманот со восок, иако не е потполно безболен. Влакненцата не треба да бидат долги, најдобро е да ги депилирате кога се долги 3-5 милиметри, а египетската депилација ќе го реши и проблемот со враснатите влакна. Голема предност на ваквиот вид на депилација е и тоа што со неа ќе ги отстраните и мртвите клетки од кожата, па кожата подолго време ќе ви биде сјајна и мазна. Резултатот од депилацијата воглавно трае од 4 до 6 недели, а колку повеќе се повторува третманот, толку повеќе се изретчуваат влакненцата.

Подготовка на шеќерната паста: 2 шолји шеќер, ¼ шолја вода, ¼ шолја сок од лимон, 1 лажичка мед (не е задолжително).

Пастата треба да се вари во соодветен сад и за целото време да ја следите густината на смесата за време на варењето. Прво ставете го шеќерот на тивок оган, па откако тој ќе се растопи (но не целосно), додека смесата е се уште густа, додадете го исцедениот сок од лимон и водата. Варете се заедно на најтивок оган околу 5 до 10 минути, додека смесата не добие црвенкасто златна боја. Исклучете ја ринглата и мешајте додека не исчезне пената, па ставете ја смесата во стаклен сад.

Употреба

Кога ќе се излади пастата и ќе стане млака, земете мала количина и формирајте топче, а потоа развлекувајте го со прстите додека не добие посветла боја.

Со рака нанесете ја пастата на саканото подрачје во насока спротивна од насоката на растењето на влакната , а отстранувајте ја со брзи движења во насоката во која растат влакната. Кога целосно ќе го отстраните слојот, можете истата паста повторно да ја обликувате во топче и повторно да ја користите.

Доколку пастата е премногу тврда, омекнете ја со прстите или садот со пастата ставете го во млака вода, а доколку е премногу мека ставете ја во фрижидер додека малку не се стврдне.

Пастата треба да се нанесува на потполно чиста и сува кожа, а се препорачува пред нанесувањето на пастата на подрачјето што ќе го депилирате да ставите малку пудер за бебиња.

Извор: kosmopiltan.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button