Култура[тор]

Една поинаква Елена за нов почеток

Advertisement

Елена Миленковска и БМА Продукција со нова песна и спот …

Advertisement

Добра енергија, одлична атмосфера, прекрасен тим, вака најкратко може да се опише снимањето на видеозаписот на Елена Миленковска како почеток на соработката со БМА продукција.

„Ова е таа Елена, поинаква, Елена која знае што сака и знае колку може, ова што ќе го видите во ова дело на Мерт Аслани е Елена која мене лично многу ми се допаѓа”- ни изјави младата Елена Миленковска, видно возбудена, но и задоволна од сето она што се случуваше на снимањето на видео записот за темата „Знам“ во студиото FX3X.

Advertisement

Ни рекоа дека приказната нема да ни ја раскажуваат, бидејќи тоа било исто како кога некој ќе ви раскаже филм кој многу сакате да го гледате. Па така, не оставија без одговор на ова прашање, но во уште поголемо очекување на промоцијата на спотот, која ќе се случи за десетина дена.

За темата „Знам“ Бертан Аслани ја создаде музиката и аранжманот, а Тони Зен се потпиша зад текстот. И во духот на насловот на песната, Елена ќе ви рече: “ Јас навистина знам дека ова е вистинскиот пат за да допреме до публиката.”

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button