Овие сензационални колачиња претставуваат одличен спој од вкусна кора од чоколадни бисквити, крем сирење и глазура од чоколадо. Имаат навистина неодолив вкус и едноставно морате да ги пробате!
Потребни состојки:
За кората
· 170 гр. чоколадни бисквити, мелени
· 6 лажици стопен путер
· 1/3 шолја мелени бадеми
· 2 лажици како прав
· ½ шолја ситно исечкано чоколадо
Крем
· 340 гр. крем сирење
· 100 гр. шеќер
· 3 јајца
· 180 гр. бело чоколадо
Глазура
· ¾ шолја чоколадо за готвење иситнето на парченца
· 125 мл. слатка павлака
Во соодветен сад измешајте ги мелените бисквити, какаото, бадемите, чоколадото и путерот додека се убаво не се соединат. Потоа смесата убаво притиснете ја со прстите во правоаголен калап, убаво да се залепи дното и страните, па ставете го калапот во фрижидерот и вклучете ја рерната да се загрева на 165C.
За кремот, растопете ја белата чоколада на пареа или во микробранова печка и потоа оставете ја околу пет минути да се излади. Во поголем сад изматете ги со миксер крем сирењето и шеќерот, а потоа додадете ги јајцата, убаво изматете, па додајте ја и стопената бела чоколада. Потоа сипете го кремот врз оладената кора и печете околу 40 минути.
Глазурата ќе ја подготвите така што ќе ја загреете павлаката и ќе ја прелиете врз ситно исечканата чоколада и ќе мешате додека не добиете мазна, свиленкаста глазура. Кога ќе се испече колачот и целосно ќе се излади прелијте го со глазурата, а кога глазурата ќе се стврдне, можете да го исечете на коцки или правоаголници, по ваша желба.
Извор: Roxanas home baking.