Реклама
Нега и здравје

Кремите против целулит не помагаат, треба да се бориме на друг начин

Реклама

Целулитот е последица на ослабеното мускулно ткиво на кое што кремите не делуваат, туку тие само го затегнуваат и измазнуваат површинскиот слој. Според тоа, единствениот ефективен начин  во борбата со целулитот се вежбите.

Опуштените мускули и таложењето на масти под површината на кожата предизвикуваат појава на целулит. Мускулите стануваат толку слаби и недефинирани што се одвојуваат од кожата, поради што масните наслаги или кожата како портокал стануваат уште поистакнати, пишува Life GooRoo.

Маркетинг

 ПЕТ РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ЦЕЛУЛИТОТ 

Кремите не го уништуваат целулитот

Маркетинг

Антицелулитните креми не го отстрануваат целулитот. Вдлабнатините и кожата која изгледа како кора од портокал се знак дека постои целулит, но вистинскиот проблем се крие под површината на кожата до која кремите не можат да допрат. И покрај многуте реклами дека го поправаат тонусот на кожата, ја враќаат еластичноста и ги бришат масните наслаги, не постојат научни докази дека антицелулитните креми се навистина делотворни.

И третманите не се делотворни

Исто како и кремите, ниту третманите како замотување на телото со проѕирна фолија или разни масажи не помагаат за отстранување на целулитот. Бројните студии на Американското здружение за храна и лекови (FDA) потврдија дека таквите методи можат само да остават белези и трајни повреди кај жените.

Целулитот не е генетско наследство, можете да се ослободите од него

И покрај општоприфатеното мислење, целулитот не е генетско наследство и секој може да се ослободи од него. Важно е да вежбате и да ги зацврстите мускулите, т.е. сврзното ткиво кое слабее и со тоа го зголемува ризикот да добиете кожа како на портокал.

{youtube}2HpB2UhG4rM{/youtube}

Кои вежби се најдобри во борбатра против целулитот погледнете во видеото што ви е дадено тука.

Годините не се важни!

За ослабеното мускулно ткиво и целулитот, годините не се важни! Од целулитот можете да се ослободите на која било возраст. Во секојдневната рутина треба да внесете вежби за нозе, задник и колкови со кои постепено ќе ги зацрврстите мускулите и ќе ги намалите насобраните масти под површината на кожата.

Со вежбање против целулитот

Целулитот нема врска со телесната тежина, па затоа го имаат и најслабите девојки. Најважно е да се зацврсти телото, а во тоа многу помагаат вежбите за затегнување и обликување на долниот дел од телото. Треба да се концентрирате на задникот, колковите и нозете.

Извор: 24sata.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button