Реклама
Култура[тор]

Дизајнерски шопинг на едно место: Lotus Design Store

Реклама

„Лотус генерација“ неполна година успешно функционираше како поп-ап простор и прерасна во најголемата концептуална продавница во Македонија Lotus Design Store. Официјалното отворање ќе биде во среда, на 25 јуни во 20 часот, на вториот кат во Скопје Сити Мол каде на едно место ќе може да се најдат производите на седумнаесет домашни и странски дизајнерски имиња.

Маркетинг

„Нашата мисија е да го воведете дизајнот во вашиот живот и да стане ваш стил.“, објаснува дизајнерката Анита Гај, сопственичка на продавницата.

Lotus Design Store го следи концептот на веќе успешни вакви продавници ширум светот и ги става во еден простор креациите на модните дизајнери Росица Мршиќ, Ирина Тошева, Стефанија Насеска, Јована Филиповиќ, Оливера Штакоска, Елена Спасовска, Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska, како и брендовите Lotus Lounge Chair , Завар Дизајн, Фејдом, Творница, Лудус, Le brand, Kapka jewerly, Daemonium, познатиот француски бренд за ракавици Thomasine и српскиот бренд MOO SHEMA.

Експанзијата на талентирани домашни дизајнери ја наметна потребата да се обединат на едно место и со тоа нивните парчиња да им бидат подостапни на купувачите. Lotus Design Store е наменет за заедничка промоција и продажба пред сè на македонски дизајнирани производи како облека, модни додатоци, обувки, мебел, светилки, декоративни елементи но и скулптури, фотографии и книги. Lotus Design Store ќе функционира и како арт простор во кој ќе бидат организирани различни активности.

Маркетинг

На отворањето ќе бидат изложени фотографиите на нашиот најпознат режисер Милчо Манчевски од серијата насловена „Пет капки сон“ кои воедно ќе бидат на продажба како најава за голем број идни изложби кои ќе бидат организирани во просторот. Покрај фотографиите, на продажба ќе бидат и книгите на Манчевски. Отворањето ќе го испрати  моден перформанс на манекенките од модната агенција „Подиум“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button