Пијалак што ги топи килограмите
Овој чудотворен пијалак во комбинација со редовната физичка активност ќе ви помогне да се решите од масните наслаги.
За време на зимските месеци во главно ќе качиме неколку килограми заради намалените физички активности и калоричната исхрана, а потоа за овој проблем стануваме свесни во првите топли денови бидејќи тогаш ни се познава се!
Но, и за овој проблем постои чудотворен пијалак. Во комбинација со редовни физички активности ќе ви помогне да ги стопите мастите.
Лимонот содржи соединенија кои го успоруваат таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое потпомага во согорување на мастите.
Јаболковит оцет, односно неговото редвоно конзумирање во умерени количини, помага да се раствараат мастите во организмот.
Мелениот пипер помага во варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите. Од друга страна пак, капсаицинот го поттикнува трошењето на калориите.
Состојки: една лажичка од јаболков оцет, мелен пипер колку шт0 ќе фатите со прстите, сок и кора од еден лимон.
Подготовка
Изрендајте кора од лимон и прелијте со 240 мл врела вода. Потоа за десет минути додадете сок од лимун, јаболков оцет и мелена пиперка. Промешајте пред секоја голтка и пијте пред и по секое јадење.