Природна шминка за летните горештини
Топлите температури веќе земаат полн замав, а на тема убавина тоа за мене значи две нешта: лесна шминка и обраќање повеќе внимание на себе. Особено со работи кои ги ставате на лице.
За почеток лесна BB крема, висок SPF фактор и водоотпорна маскара. Краен чекор за свеж летен изглед: бронзер.
Да го најдете совршениот бронзер е исто толку критично како и наоѓање совршена течна пудра. Некои се премногу портокалови, други премногу кафени со резултат нечист или неприроден изглед. Затоа ве советувам да пронајдете меѓусебен баланс за вашиот тен и voila – летен сјај злато вреден.
По четири години, безброј оправдани препораки и потрошени пакувања (секојдневна употреба со 1+ години трајност? Што подобро од тоа?) мој верен избор за апсолутно сите типови и нијанси на кожа „GOSH Giant Sun Powder #001“.
Топла нијсанса за пријатен златест отсјај и ултра свеж изглед кој плени погледи. А што повеќе ни треба за во летниот период?
Автор: Мери Поповска