За подготовката на оваа пита ќе ви бидат потребни околу 45 минути. Се прави многу брзо и едноставно, а има одличен вкус, така што со неа во секое време можете да ги изненадите и домашните и гостите!
Потребни состојки
За тестото:
– 1/2 кг. брашно
– 2 јајца
– 1 маргарин од 250 гр.
– 6 лажици шеќер
– Малку сол, малку млеко
– Прашок за пециво
За филот:
– 1,5 кг. изрендани јаболки
– Презла или неколку лажици овесни снегулки доколку не ги динстате јаболките
– 3-4 лажици шеќер
– Суво грозје
– Цимет
– Малку лимон за арома – сок и малку изрендана кора
За подготовката на оваа пита ќе ви бидат потребни околу 45 минути. Се прави многу брзо и едноставно, а има одличен вкус, така што со неа во секое време можете да ги изненадите и домашните и гостите!
Замесете го тестото од наведените состојки. Потоа поделете го на два еднакви делови и од нив направете топки. Расукајте ја едната топка и ставете ја на дното на соодветна повисока тава и избоцкајте ја со виљушка. Може и малку да ја запечете ако сакате, но не е неопходно. Потоа врз неа нанесете го филот кој претходно сте го направиле од наведените состојки. Врз филот повторно се става слој од тесто од другата топка. Се пече на 180 степени додека не порумени горната кора. Врз готовата пита можете да посипете малку шеќер во прав.