Рецепти

Кифличките на мама

Реклама
Реклама

Прекрасни, меки и едноставни кифли чиј мирис ќе ве потсети на детството и ќе ве однесе во кујната!

Маркетинг

Состојки
За 4 лица

Тесто:
·     500 мл. млеко
·     40 гр. свеж квасец
·     1 лажичка шеќер
·     1 лажичка сол
·     3 лажици масло
·     1јајце
·     800 гр. меко брашно

За премачкување:
·     150 гр. маргарин

Маркетинг

За фил:
·     200 гр. кравјо сирење
·     1јајце

За премачкување:
·     1јајце

Подготовка
Потребното време за подготовка на овие кифли е околу 90 минути.

Загрејте го млекото да биде топло, не врело, и ставете го во соодветен сад, додадете го шеќерот и неколку лажици брашно. Потоа додадете го иситнетиот квасец и чекајте да стаса. Откако ќе стаса додадете го маслото, солта и јајцето и замесете меко тесто со постепено додавање на брашното. Покријте го тестото со крпа и оставете го на топло да стасува, односно да ја удвои зафатнината.

Откако ќе стаса развлечете го што е можно потенко во форма на правоаголник и изрендајте на него маргарин кој го чувате во фрижидерот. Потоа свиткајте го тестото во ролна, исечете го на 6 еднакви делови, формирајте топки и оставете го пак покриено да стасува за да биде меко. Кога ќе го исечете на 6 делови, на краевите ќе се гледа маргаринот кој треба да се сокрие. Со рацете нежно притиснете го тестото на двата краеви и затворете го отворот. Така ќе добиете топка, која потоа никако не треба пак да ја месите или гмечите.

Подгответе го филот така што во изматеното јајце ќе го додадете издробеното сирење.

Посипете малку брашно на подлогата на која ќе ги правите кифлите, па една по една расукајте ги топките во круг, пресечете на 8 триаголници, ставете фил и свиткајте ги во кифли. Наредете ги кифлите во соодветен плех и вклучете ја рерната на 220 степени.

Оставете ги да отстојат 15 минути, потоа премачкајте ги со изматено јајце и ставете ги да се печат додека не заруменеат.

Извор: coolinarika.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button