Рецепти

Домашни крофни

Реклама
Реклама

И стари и млади, сите сакаат крофни и со задоволство ги јадат. Се подготвуваат релативно лесно, од намирници што најчесто ги имаме дома во секое време.

Маркетинг

Единствен проблем во врска со нив може да биде пржењето во голема количина масло, што може да ги загрижи или предомисли оние што внимаваат на линијата или се борат со килограмите. Со оваа рецепта нема од што да се плашите – овие крофни не се пржат туку се печат во рерна. А се вкусни и повеќе од вообичаените!

Состојки:

1 јајце
¼ шолја шеќер
1 шолја загреано млеко
1 лажичка сув квасец
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка сол
2 ½ – 3 ½ шолја брашно
100 гр. путер исечкан на коцкички

Маркетинг

За посипување:

100 гр. путер
1 шолја шеќер
2 лажички цимет

Во соодветен поголем сад матете ги со миксер јајцата и шеќерот околу една минута. Додадете го млекото, квасецот, солта и екстрактот од ванила. Намалете го миксерот на најмалата брзина па додајте 2 шолји брашно, па потоа додавајте го путерот коцка по коцка и матете додека не добиете рамномерна смеса. Потоа постепено додајте го и останатото брашно, па месете со рацете додека не добиете меко тесто, кое не треба да ви се лепи.

Кога ќе биде готово тестото, направете го топка, ставете го во сад, покријте со крпа и оставете го да стасува околу 1 час.

Откако ќе стаса тестото (ќе ја удвои големината), повторно измесете го и развлечете го на површина посипана со брашно, до дебелина од најмногу околу 1,7 см. Потоа со шолја или со нож исечете ги крофните, со дупка во средината или без, како сакате.

Вклучете ја рерната да се загрева на 200ºЦ. Обложете го плехот за печење со мрсна хартија па наредете ги крофничките, покријте ги со пластична фолија и оставете ги да стасуваат околу 25 минути. Потоа ставете ги во загреаната рерна и печете 5-8 минути. Кога ќе бидат готови, извадете ги и уште топли валајте ги прво во стопен путер, па во мешавина од цимет и шеќер.

Извор: Chelsea Crockett

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button