Без разлика дали ја сакаме или не, дефинитивно дојде време кога треба отворено да признаеме дека оваа млада мајка е една од најголемите икони на стилот во светот.
Погледнете ги последните комбинации во кои се појави во јавноста и кои веднаш предизвикаа бура од реакции по модните списанија. Горните делови што таа ги носеше изминативе денови во Париз на сите им овозможија волшебна глетка, и иако изгледаше дека во секој момент може да откријат и малку повеќе, сепак сé така чудесно си остана на своето место. Па, дали е во прашање магија?
Сигурно дека не е во прашање магија ниту пак самолеплива лента. Напротив, изгледа дека таа носи боди! Пред да почнете да негодувате, да објасниме некои работи. Многу модни уредници сметаат дека ова е паметен избор, особено доколку се комбинира со модерните модели на фармерки „за мајки“, кои се на некој начин груби и немаат јасно дефинирана линија. Припиеното боди прави одлична рамнотежа на фармерките.
Токму затоа и двете комбинации што ги носи Ким се одличен пример за тоа како ова парче облека може да изгледа како модерен и паметен избор. Па, дали некогаш сте се обиделе да носите ваков горен дел во здолнише со молив крој? Можеби е тешко, но мораме да признаеме дека Ким Кардашијан одлично го прави тоа, нели?
А и со фармерки се снаоѓа одлично. Но, затоа таа е Ким Кардашјан, најпознатата (и најбогатата) риалити ѕвезда во светот.
Па, што мислите за комбинациите на Ким? Дали би се обдиеле да комбинирате боди со некое друго парче облека?
Извор: Гламур