Рецепти

Шарени пролетни тестенини

Реклама
Реклама

Многу лесно и вкусно јадење кое брзо се приготвува и може одлично да ви дојде за ручек или вечера кога немате многу време.

Маркетинг

Состојки

·    450 гр. тестенини по желба
·    8 парчиња сланина, исечкани
·    Мешавина од зачини: 1 лажичка сув магданос, 1 лажичка сол, малку бибер, половина лажичка лук во прав, трошка сува мајчина душица
·    4 чешниња лук, исечкани
·    1/2 главица кромид, исечкана
·    2 шолји павлака
·    170 гр. спанаќ
·    410 гр. исечкани домати од конзерва
·    1/2 шолја изрендан пармезан

Маркетинг

Многу лесно и вкусно јадење кое брзо се приготвува и може одлично да ви дојде за ручек или вечера кога немате многу време.
Прво сварете ги тестенините според упатството наведено на амбалажата. Ставете ги под млаз ладна вода и процедете ги. Во подлабока тава испржете ја сланината на средна температура, извадете ја и ставете ја на хартија да се исцеди маслото. Оставете во тавата количина на масло колку 1-2 лажици, а останатото отстранете го. Ставете го кромидот во тавата и динстајте на средна температура 3-4 минути, додека не омекне, па додадете го исечканиот лук и уште малку продинстајте. Потоа додадете ги исечканите домати, динстајте една минута, па додадете ја павлаката (може и млеко или јогурт ако во моментот немате павлака), додадете ги зачините, намалете ја температурата и оставете ја смесата да крчка 5-10 минути. Додадете го и исечканиот спанаќ и мешајте додека не овене, па додадете ги тестенините и сланината и сé убаво измешајте. Се служи топло.
Добар апетит!

Извор + фото: Windykitchen

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button